2 Ездра 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Совети за очистување на народот

1 1 Езд 10,6-8 Стана Ездра од дворот на храмот, и отиде во живеалиштето на Јоанан, синот на Елијашив,

2и, откако остана таму, не јадеше леб и не пиеше вода, бидејќи тагуваше по­ради големите беззаконија на народот.

3Тогаш беше разгласено по цела Јудеја и Ерусалим до сите оние што се вратија од пленство, да се соберат во Ерусалим;

4а сите оние, што не ќе се јават за два или три дена, со одлука на старешините – претседатели, ќе им биде одземен имотот, и тие самите ќе бидат исклучени од заедницата на поранешните пленици.

51 Езд 10,9-44И во рок од три дена се собраа во Ерусалим сите, што беа од племето на Јуда и Венијамин: тоа беше во деветиот месец, на дваесеттиот ден од тој месец.

69,38.41; 5,47 Сиот народ седеше во дворот на хра­мот, треперејќи од настанатата зи­ма.

7Ездра стана и им рече: „Ете извр­шивте беззаконие и живеете со жени туѓинки, додавајќи уште гревови на Из­раил.

8Ис.Н. 7,19 Затоа воздајте сега исповед и слава кон Господ, Бог на татковците наши,

9извршете ја волјата Негова и одде­лете се од народите на таа земја и од другоплеменските жени!“

10Тогаш целото множество извика и рече со висок глас: „Како што рече, та­ка и ќе направиме.

11Но множеството е големо, а времето е зимно, и ние не сме во можност да стоиме на отворено небо; а таа работа за нас не е за еден ден, ниту за два дена, зашто многу сме згрешиле во тоа;

12затоа нека бидат поставени начал­ници над множеството, и сите од наши­те села, што имаат другоплеменски же­ни, да доаѓаат своевремено кај нив

13со старешините и судиите на секое место, додека не се одврати од нас Бож­јиот гнев поради таа работа.“

14Тоа задолжение го зедоа Јонатан, синот на Асаил, и Језија, синот на Тик­ва, а левитите Мешулам и Шабетај им помагаа.

15И вратените од пленство постапија според сето тоа.

16Свештеникот Ездра си избра главни родоначалници, сите по име, и тие се собраа на новомесечието на десеттиот месец, за да ја испитаат работата.

179,37.40; 1 Езд 10,17 Испитувањето на мажите, што др­жеа жени од други племиња, се заврши во новомесечието на првиот месец.

Незаконскиот бракови на некои свештеници и левити

18Меѓу свештениците кои беа доведе­ни, се откри дека имале жени од други племиња:

195,5 од потомците на Јешуа, синот на Јо­седек, и од браќата негови – Масеја, Елеазар, Јарив и Јодан,

20Тие дадоа рака дека ќе ги напуштат жените свои, и дека ќе принесат овни за смилостивување поради гревот свој.

21Од потомците Имерови: Ананиј, Зевадија, Маасеја; Шемаја, Исиил и Азарија.

22Од потомците на Пашур – Елиоенај, Маасеја, Јишмаел, Натанаил, Окидил и Салта.

23А од левитите – Јозавад, Шимеј, Ке­лаја, кој беше Калита, Петихија, Јуда и Јона.

24Од пејачите на храмот: Елијашив и Закур.

25Од чуварите на вратите – Селум и Телем.

26Од Израил, од потомците на Парош – Рамија, Изија, Малхија, Мијамин, Асевија и Ванеја.

27Од потомците Еламови: Матанија, Захарија, Језриил, Авди, Јеремот и Елија.

28Од потомците Замотови: Елијада, Елијашив, Отонија, Јеремот, Зават и Зердаја.

29Од потомците на Бевај: Јоанан, Ананија, Завај и Ематис.

30Од потомците на Мани: Олам, Ма­мух, Јадаја, Јашув, Шеал и Јеремот.

31Од потомците на Ади: Натиј, Мосија, Лакун, Наид, Матанија, Сестел, Валну и Манасија.

32Од потомците на Анан: Елиона, Асаја, Мелхија, Себаја и Симон Шосамеј.

33Од потомците на Хашум: Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Манасиј и Шимеј.

34Од потомците на Вани: Еремија, Момдиј, Маир, Јоил, Мамдај, Вереја, Ванита, Каравасион, Мамнитанем, Ели­јашив, Бинци, Елијалиј, Шимеј, Шеле­мија, Нетанија. Од потомците на Езор: Шашај, Азарил, Азаил, Самат, Замри, Јосиф.

35Од потомците на Нула: Мазитија, Завад, Идо, Јоил и Ванеја.

36Сите тие беа оженети со жени од други племиња и ги напуштија заедно со децата.

Ездра го чита законот пред народот

37 5,46.47; 9,17; Неем 7,73 И во новомесечието на седмиот ме­сец свештениците и левитите и Изра­илците, кои беа во Ерусалим и во неговата околина, и синовите Израилеви се населија по местата свои.

38Неем 8,1-12

9,6; 5,47; Неем 8,1.3И се собра на едно место сиот народ на плоштадот пред источната врата на храмот,

397,9; 8,8.65 и му рекоа на Ездра, свештеник и толкувач, да го донесе Мојсеевиот за­кон, даден од Господ, Бог Израилев.

409,17.49И првосвештеникот Ездра го изнесе Законот пред сиот народ, мажи и жени, и пред сите свештеници, за да го чујат Законот во новомесечието на седмиот месец,

419,38и тој им читаше на плоштадот пред вратите на храмот од утрината до пладне, пред мажите и жените и сиот народ го слушаше Законот.

428,8 Свештеникот и толкувачот Ездра застана на подготвеното дрвено повисоко место;

43и покрај него стоеја оддесно: Ма­татија, Шема, Ананија, Азарија, Уриј, Езекија и Ваалсам;

44а од лево: Педаја, Мишаел, Мал­хија, Лотасув, Наварија и Захарија.

45Тогаш Ездра ја зеде Книгата на за­конот пред народот, седна свечено пред сите,

466,31; 2 Цар 5,10; Амос 4,13 и додека го објаснуваше Законот, сите стоеја; и Ездра Го благослови Гос­пода, Севишниот Бог, Бог на небесните сили, Седржителот.

47И сиот народ возгласи: „Амин!“ И, откако ги кренаа угоре рацете, сите паднаа ничкум и Му се поклонија на Господ.

489,55И левитите Јешуа, Аниут, Шеревија, Јадин, Јакув, Шабетај, Ходија, Маја­на, Калита, Азарија, Јозавад, Ханан и Пелаја; исто така поучуваа во Законот Господов и го читаа пред народот Зако­нот Господов, објаснувајќи го притоа прочитаното.

495,40; 8,8; 9,40 Тогаш Атарат му кажа на Ездра, првосвештеник и толкувач, и на левитите, кои го поучуваа народот, и на си­те:

50„Овој ден е свет пред Господ – и си­те плачеа, кога го слушаа Законот –

511 Кор 11,22одете и јадете масно и пијте слатко и испратете им милостина на оние, што немаат,

52зашто овој ден е свет пред Господ; и за тоа не тагувајте, зашто Господ ќе ве про­слави.“

53Исто така и левитите му говореа на сиот народ и му рекоа: „Овој ден е свет, не тагувајте!“

541 Кор 11,22Тогаш сите отидоа да јадат и да пи­јат, да се веселат, и да даваат милостина на сиромаси; и се веселеа многу;

559,48зашто беа восхитени од зборовите, со кои ги поучуваа на собирот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help