Варух 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Пс 60,2; 102,1; 120,1; 143,4 Господи, Седржителе, Боже Из­ра­илев, кон Тебе вика притеснетата ду­ша и натажениот дух;

2Чуј ме, Господи, и смилувај се, заш­то Ти си Бог милосрден; смилувај се, зашто згрешивме пред Тебе;

3Пс 9,6; 101,12; 144,13; 145,10; Плач 5,19Ти вечно живееш, а ние вечно заги­нуваме.

4Ис 59,10; Ез 37,1-14Господи, Седржителе, Боже Изра­и­лев, послушај ја молитвата на умрените од Израил и на нивните синови, кои згрешија пред Тебе, кои не го послушаа гласот на Господ, својот Бог, па затоа нѐ снајдоа неволји.

5Ез 20,14; Пс 78,9Не спомнувај си за беззаконијата на нашите предци, туку спомни си во тој час за Својата рака и за Своето име,

6зашто Ти си Господ, нашиот Бог и ние ќе Те прославуваме, Господи!

7Ер 32,39-40Затоа си го вселил стравот Твој во нашето срце, за да го повикуваме Тво­ето име; а ние ќе Те прославуваме во нашето прогонство, бидејќи од нашето срце ја отфрливме секоја неправда на нашите предци, кои згрешија пред Тебе.

82,4; Ер 42,18Еве, ние сме сѐуште во ова за­то­че­ништво, каде што си нѐ распрснал за хула, за проклетство, и за казна поради сите неправди на нашите предци, кои отстапија од Господ, нашиот Бог.

Заборавената мудрост

9 5 Мојс 4,1; Пс 77,1; Изреки 4,20-23 Чуј ги, Израиле, заповедите на жи­вотот, послушајте, за да ја научите муд­роста.

10Зошто Израиле, во земјата на не­пријателите? Зошто ти остаре во туѓа земја

113 Мојс 22,4; 4 Мојс 19,11-19; Пс 27,1; 88,5и се оскверни заедно со мртвите? Се вбројуваш кон оние, што се во пеколот,

12Ер 2,13; 17,13; Пс 35,9си го оставил изворот на мудроста.

13Ис 48,18Ако одеше по Божјиот пат, ќе жи­вееше мирно довека.

145 Мојс 4,6-8; Изреки 3,2.16; 8,14; Сир 1,12Научи каде се наоѓа мудроста, каде е силата, и каде е остроумноста, па за­едно со тоа да разбереш во што е долговечноста и животот и каде се наоѓа светлината на очите и мирот.

Мудроста не е на дофат на луѓето

15 Јов 28,12.20; Сир 1,6 Кој го открил живеалиштето на мудроста и кој влегол во нејзините риз­ници?

16Ер 27,6; Дан 2,38; Јудита 11,7; Мудр 9,2; Сир 17,4Каде се владетелите на народите и оние што господарат над земните ѕве­рови

17Ез 28,3-4; Изреки 2,4; 3,14и оние што си играа со птиците не­бески и оние што трупаа сребро и злато – она на што се надеваат и луѓе, чии имоти крај немаат?

18Каде се оние, кои со голем труд сребро коваа и чии сребрени ракотворби број немаат?

19Проп 1,4Тие исчезнаа, во пеколот слегнаа; на нивно место други се издигнаа.

20Помладите видоа светлина и живе­еја на земјата, но патот на мудроста не го познаа;

21не ги разбраа нејзините патеки и нивните синови не ја најдоа; далеку ос­танаа од нејзиниот пат.

22Ер 49,7Не се слушаше за неа во Ханан, ни­ту ја видоа во Теман.

231 Мојс 16,15; 25,12; Ер 49,7; Јов 2,11Ни синовите на Агара кои бараа земно знаење. Ни трговците од Меран и Теман, ниту пак, раскажувачите на бас­ни и истражувачите на знаењето, патот на мудроста не го познаа и патеките нејзини не ги забележаа.

24О, Израиле, колку е голем Божјиот дом, колку е опширно местото на Не­го­вото владеење!

25Тој е голем и крај нема, висок е и неизмерлив;

261 Мојс 6,4; Мудр 14,6таму во почетокот имаше прочуени силни јунаци, многу големи и вешти во војување,

27но нив Господ не ги избра, и не им го откри патот на мудроста;

28тие изгинаа затоа што немаа разумност, изгинаа од своето безумие.

295 Мојс 30,11-14; Сир 24,4Кој се качил на небото, па да ја до­фати на облаците и да ја симне оттаму?

30Јов 28,15Кој премина мориња и ја најде, и кој ќе ја донесе неа – подобрата од чисто злато?

31Јов 28,12Патот до неа никој не го знае и ни­кој не помислува на нејзините патеки.

Мудроста – дар зачуван од Бога за Израил

32 Јов 28,23-27 Но Оној, Кој знае сѐ, Тој ја откри со разумот Свој, Оној Кој ја создаде земјата за вечни времиња и ја исполни со животни,

33Јов 38,35Оној, Кој ја испрати светлината – и таа доаѓа, ја повикува – и таа со трепет Го слуша,

34Сир 43,9-10; Ис 40,26и ѕвездите на своите места засветеа и се зарадуваа.

35Ис 40,26; Пс 147,4; Јов 38,35Тој ги повикува, а тие Му одгова­ра­ат: „Еве нѐ!“ И радосно болснаа пред својот Создател.

36Ис 43,10; 44,6; 45,18Тој е нашиот Бог; никој со Него не може да се спореди.

37Ис 44,2; Пс 147,8; Јов 28,23; Сир 4,11-12Тој ги најде сите патишта на муд­роста и му ја подари на Својот слуга Јаков, на Својот омилен Израил.

38Изреки 8,31; Мудр 1,6; Сир 24,23-24; Јн 1,14Потоа Тој се јави на земјата и жи­ве­еше меѓу луѓето.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help