Исаија 56 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Сите народи ќе бидат дел од Божјиот народ

1 28,17; 46,13; 51,5-6.8; 3 Мојс 18,26; Ер 22,3; Амос 5,24; Пс 84,9 Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто близу е спасението од Мене и откровението на Мојата правда.

258,13; 2 Мојс 20,8; 31,14; Ер 17,24; Пс 1; 119Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја – за да не врши никакво зло.

32 Мојс 12,48; 5 Мојс 23,1-8Синот на туѓинецот, кој се присоеди­нил кон Господ, да не вели: „Господ со­сема ме оддели од Својот народ“, и ев­нухот да не рече: „Ете, јас сум суво др­во.“

465,12; Мудр 3,14-15; Мт 19,12Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за за­ветот Мој, –

51 Цар 1,8; 2 Цар 18,18; Мудр 4,1; Откр 2,17; 3,5ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро от­колку на синовите и ќерките: ќе им да­дам вечно име, кое нема да биде ис­тре­бено.“

618,7; 3 Цар 8,41-43; Ез 44,7-9И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му слу­жат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, – сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој,

760,7; Пс 15; Мт 21,13; Мк 11,17; Рим 15,16Јас ќе ги одведам на Мојата света го­ра и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жр­т­ви­те нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи.

811,12; 66,18; Пс 146,2; Јн 10,16Господ Бог, Кој ги собира рас­прс­на­тите Израилци, вели: покрај веќе соб­ра­ните Израилци, ќе собирам и други.

Казна за водачите

9 3 Мојс 26,22; Ер 12,9; Ез 39,17; Пс 79,13 Дојдете да јадете вие, сите ѕверови полски, сите ѕверови шумски!

103,12; 9,15; 2 Цар 16,9Стражите нивни сите се слепи и не­разумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејќи, бладаат и сакаат да спијат.

1157,17; Ер 6,13; 10,21; 12,10; 23,1; Ез 34,2Тоа се пци со ненаситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири нера­зумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка:

125,11; 22,13; 28,7; Мудр 2,7„Дојдете – велат – ќе донесеме вино, ќе се напиеме жесток пијалак; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и по­веќе отколку денес.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help