4 Царства 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Навуходоносор го опсадува Ерусалим(Ер 39,1-7; 52,3-11)

1 Ер 39,1-10 Ер 21,1-10; 34,1-5; Ез 4,1-3; 24,1-2 Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дојде со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп.

2И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на ца­рот Седекија.

3На деветтиот ден од четвртиот ме­сец гладот се засили во градот, и народот немаше леб.

4Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноќе по патот кон портите, меѓу двата ѕида што се до царската градина; а Халдејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината.

5Халдејската војска се спушти по ца­рот и го стигна во Ерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.

6Тогаш го фатија царот, го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла и из­вршија над него суд;

7Ез 12,13синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избо­доа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.

Освојување на Ерусалим. Второ прогонство(2 Лет 36,17-21; Ер 39,8-10; 52,12-30)

8 Ер 52,12-27 Ез 33,21 На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Навузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим

93 Цар 9,8и го изгоре домот Господов и цар­скиот дом, и сите куќи во Ерусалим, и сите големи куќи ги изгоре со оган;

10и ѕидовите околу Ерусалим беа ур­нати од халдејската војска што беше со заповедникот на телохранителите.

1115,29А другиот народ што беше останал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот народ ги исели Навузардан, запо­ведникот на телохранителите.

12Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на телохрани­телите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци.

13И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон;

14и котлите, и лопатките, и штипки­те, и лажиците, и сите бакарни садови што се употребуваа во службата, ги кренаа;

15и кадилниците, и садовите, – сѐ што имаше златно, и сѐ што имаше сребре­но, го зеде заповедникот на телохрани­телите;

16столбови два, море едно, и поднож­јата што Соломон ги беше направил во домот Господов, – бронзата во сите тие работи немаше мерка.

17Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата – три лакти, и мре­жата на наровите околу главата – сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата.

18Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераја, заме­никот-првосвештеник Софонија и тројца свештеници-вратари.

19Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души што стоеја пред цар­ското лице и се наоѓаа во градот, и главниот писар на војската што го за­пишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се наоѓаа во градот.

20Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вави­лонскиот цар во Ривла.

21И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.

Годолија, управник на Јудината земја(Ер 40,7–41,18)

22А над народот, оставен во јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходо­носор го постави за управник Годолија, синот на Ахикам, Сафанов син.

23Ер 40,7-9Кога сите војсководци, тие и луѓето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа кај Годолија во Мицпа: Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан, син на Ка­реах, Сераја, син на Танхусмет од Нето­фа, и Јаазанјаху од Мааха, тие и луѓето нивни.

2418,31-32И им се заколна Годолија, ним и на луѓето нивни, и им рече: „Не плашете се што ќе бидете потчинети на Халдеј­ците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ќе ви биде добро.“

25Ер 41,1-2Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот на Нетанија, Елишамаев син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците што беа во Мицпа.

26Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Хал­дејците.

Царот на Вавилон му благодари на Јехојахин(Ер 52,31-34)

27 Ер 52,31-34 Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехојахин, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евил-Меродах, во годината на зацарувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехојахин,

28говореше со него пријателски и го постави престолот негов погоре од престолот на царевите што беа пред не­го во Вавилон;

29и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехојахин јадеше со него, во сите дни на животот свој.

30За постојана издршка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на неговиот живот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help