1 67,32; 70,22 Ќе пеам за верноста и за правдата – Тебе, Господи, ќе ти свирам!
225,11-12; 36,37; 49,3; 118,1; 1 Мојс 17,1; 3 Цар 9,4; Ис 33,15; Изреки 11,20; 12,5Ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце.
314,2-3; 23,4; 39,4; 138,21; Ис 33,15; Јуда 1,23Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците – тие нема да се прилепат за мене.
417,26; Изреки 11,20; 16,20; Ефес 5,11Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам.
5Изреки 17,20; 20,3; 29,9Оној што тајно го клевети ближниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам.
6118,63; Изреки 2,20Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи.
75,5; 25,4-5; Изреки 20,8; 24,5Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не може да остане пред очите мои.
8Изреки 20,26; Откр 21,27Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
