1 1 Цар 3,20; 2 Цар 3,10; 17,11; 24,15; 2 Лет 30,5 Тогаш излегоа сите синови Израилеви, и се собра целата заедница како еден човек од Дан до Вирсавија и од Галаадската земја пред Господ во Мицпа.
2Се собраа старешините на сиот народ, сите племиња Израилеви, во собранието на народот Божји, – четиристотини илјади пешаци мечоносци.
3А Венијаминовите синови слушнаа дека синовите Израилеви дошле во Мицпа. И Израилевите синови запрашаа: „Кажете, како станало тоа зло?“
4Левитот, мажот на убиената жена, одговори и рече: „Дојдов со својата наложница да ноќевам во Гива Венијаминова;
519,22и се кренаа против мене жителите на Гива и преку ноќта ја опколија заради мене куќата; мене сакаа да ме убијат, а мојата наложница ја силуваа, така што таа умре;
619,23.29; 5 Мојс 22,21јас ја зедов наложницата своја, на парчиња ја исеков и ја испратив во сите краеви на наследството Израилево, бидејќи тие извршија незаконито и срамно дело во Израил;
719,30ете, сите вие, синови Израилеви, разгледајте го тоа дело и решете тука.“
8И се крена сиот народ како еден човек и рече: „Никој нема да отиде во шаторот свој и никој нема да се врати во домот свој.
9А еве што ќе направиме сега со Гива: да фрлиме ждрепка
10и ќе избереме по десет мажи на сто од сите Израилеви племиња, по сто на илјада и по илјада на десет илјади за да донесат храна за народот, кој ќе тргне против Гива Венијаминова, за да ја казни за срамот што го изврши против Израил.“
11И сите Израилци се собраа против градот еднодушно, како еден човек.
125 Мојс 13,14; 1 Кор 3,15И Израилевите племиња испратија луѓе да му кажат по целото Венијаминово племе: „Каква гнасотија е извршена кај вас!
135 Мојс 13,6А сега, предајте ги тие развратници што се во Гива; ние ќе ги убиеме и ќе го искорениме злото од Израил.“ Но синовите Венијаминови не сакаа да го послушаат гласот на браќата свои, синовите Израилеви.
14И синовите Венијаминови од градовите се собраа во Гива, за да тргнат во војна против синовите Израилеви.
15А во оној ден Венијаминовите синови што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест илјади мажи мечоносци; освен тоа од жителите на Гива имаше одбрани на број седумстотини.
163,15Во сиот тој народ имаше седумстотини меѓу одбраните мажи, кои беа леваци, и сите тие фрлаа камења со праќи, без да погрешат.
17А Израилците, без Венијаминовите синови, броеја четиристотини илјади души мечоносци; сите тие беа способни за војна.
181,1; 20,27Тогаш Израилевите синови станаа и отидоа во Божјиот дом и Го запрашаа Бога: „Кој од нас прв ќе тргне во бој против синовите Венијаминови?“ И Господ одговори: „Јуда прв нека оди.“
19Утрината станаа синовите Израилеви и се распоредија на табори пред Гива;
20и излегоа Израилците за борба против Венијамин и се наредија синовите Израилеви во бојни редови близу до Гива.
21Тогаш излегоа од Гива и синовите Венијаминови и во тој ден убија дваесет и две илјади Израилци.
22Но, народот израилски се созеде и пак се нареди за борба на истото место, каде што беше претходниот ден.
234 Мојс 11,4; 14,1; 2,4; 21,2; 1 Цар 11,4; 1 Езд 10,1И отидоа синовите Израилеви пред Господ и плачеа до вечерта, па Го прашаа Господа: „Да влеземе ли пак во борба со синовите на нашиот брат Венијамин?“ Господ им рече: „Одете против него!“
24И вториот ден Израилевите синови пак настапија против синовите на Венијамин.
25Во тој ден излезе и Венијамин од Гива и беа убиени од синовите Израилеви уште осумнаесет илјади души мечоносци.
261 Цар 7,6; 2 Цар 12,16; Ис 3,25; 47,1; Пс 136,1; Јов 2,13; 1 Езд 9,3Тогаш сите Израилеви синови и сиот народ тргнаа и дојдоа во Божјиот дом, па седеа таму и плачеа пред Господ, постеа целиот ден до вечерта и Му принесоа на Бога сепаленици и жртви за мир.
2718,5И Го прашаа синовите Израилеви Господа, – во тоа време ковчегот на заветот беше таму, –
28и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него: „Дали да излеземе пак против нашиот брат Венијамин или не?“ Господ им рече: „Одете! Утре ќе го предадам во вашите раце.“
298,4Тогаш Израил постави заседа околу Гива.
30На третиот ден излегоа синовите Израилеви против синовите на Венијамин, па, како и порано, се наредија за борба против Гива.
31Ис.Н. 8,6.16Венијаминовите синови излегоа против народот и се оддалечија од градот, и почнаа, како порано, да убиваат од народот по патиштата, од кои еден води за Ветил, а друг во Гива, преку полето, и убија до триесет души Израилци.
32И Венијаминовите синови си рекоа: „Тие паѓаат пред нас како порано.“ А Израилевите синови си рекоа: „Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот.“ (Така и направија).
338,19Тогаш сите Израилци станаа од местото свое и се наредија во Ваал-Тамар. А Израилевата заседа се спушти од местото свое од западната страна на Гива.
34И се собраа против Гива десет илјади души одбрани од сиот Израил, и почна жестока борба. Но Венијаминовите синови не знаеја дека ќе ги снајде зло,
35и Господ го разби Венијамин пред Израил, и Израилците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет илјади и сто души вооружени со мечеви.
36Кога Венијаминовите синови помислија дека се совладани од Израилците, кои им направија место, бидејќи Израилците се надеваа на заседата, што ја беа поставиле близу до Гива,
378,19заседата побрза и се спушти кон Гива, – влезе и го порази со меч целиот град.
388,20; Ис.Н. 8,4-8Израилците си беа договориле знак со заседата, да нападнат, кога ќе се крене дим од градот.
39И така, кога Израилците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до триесет души Израилци, велејќи: „Пак паѓаат пред нас, како и во поранешните судири“,
40Ис.Н. 8,20тогаш почна да се издига од градот дим како столб. Венијамин погледна назад, и ете, од целиот град излегува дим кон небото.
41И Израилците се вратија, а Венијамин се уплаши, бидејќи виде дека го снашло зло.
42И избегаа синовите Венијаминови од Израилците по патот кон пустината, но беа следени со колеж, и оние што излегуваа од градовите, таму ги убиваа;
43го опколија Венијамин и го гонеа без почивка и го поразуваа до самата источна страна на Гева.
44И од синовите Венијаминови паднаа осумнаесет илјади души, силни мажи.
45А од другите што се свртеа и се спуштија спрема пустината, кон карпата Римон, насобраа пет илјади и ги гонеа дури до Гидом, и од нив убија две илјади души.
46Сите, пак, Венијаминови синови, паднати тој ден, беа дваесет и пет илјади души, вооружени со мечеви, сите беа силни мажи.
47Другите се свртеа и избегаа во пустината, накај карпата Римон, шестотини души и таму останаа четири месеци.
48А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч, и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ што имаше (во сите градови), и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.