2 Солуњаните 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Човекот на беззаконието

1 Мт 24,31; 1 Кор 15,23 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа,

23,17; Мк 13,7; 1 Кор 1,8; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15-17; 5,2.4да не се поколебате лесно во мисли­те свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден.

3Јн 17,12; Ефес 5,6-8; 1 Тим 4,1; Откр 13,5Никој да не ве измами на ниеден на­чин; зашто оној ден нема да настапи до­дека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,

4Ис 14,13; Ез 28,2; Дан 7,25; 8,25; 11,36; Откр 13,5кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.

51 Сол 3,4Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6Откр 20,7-10Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7Мк 13,10Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што ја за­др­жу­ва сега;

8Ис 11,4; Пс 32,6; Јов 4,9; Откр 19,11-21тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.

9Мт 24,24; Јн 4,48; Откр 13,13Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса,

10Мт 24,12; Јн 8,34-44; 1 Кор 1,18; Ефес 2,2и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле.

113 Цар 22,22; Ис 6,10; Јн 3,19; Рим 1,28; 2 Тим 4,4И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,

12Јн 9,39та да бидат осудени сите кои не по­веруваа во вистината, а ја засакаа не­правдата.

Цврстина во верата

13 1,3; Јн 15,16; Ефес 1,4; 1 Сол 1,2; 2,13; 1 Птр 1,2 Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, воз­љу­бе­ни од Господ браќа, затоа што од по­че­токот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,

141 Сол 2,12; 4,7; 5,9кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.

153,6; 1 Кор 11,2; 16,13И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.

161 Сол 3,11; 1 Птр 1,3А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,

171 Сол 3,12-13нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help