1 Царства 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог го избира Давид за нов цар

1 15,23.35; 4 Цар 9,1; Мих 5,1; Дела 13,22 Му рече Господ на Самоил: „До кога ќе патиш по Саул, кого Јас го отфрлив да не биде цар на Израил? Понеси со себе масло и оди; Јас ќе те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто меѓу неговите синови си согледав цар.“

220,29Тогаш Самоил рече: „Како да одам? Саул ќе чуе и ќе ме убие.“ Господ рече: „Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: – дојдов да му принесам жртва на Господ;

39,16покани го и Јесеј, (и синовите него­ви), на жртвата; Јас ќе ти кажам што да правиш, и ти ќе Ми го помазаш оној, кого ќе ти го посочам.“

43 Цар 2,13; 4 Цар 9,22И Самоил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и из­легоа да го пресретнат и запрашаа: 2 Мојс 19,10; Ис.Н. 3,5; 7,13„Со мир ли доаѓаш?“

5Тој одговори: „Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господ; осветете се и дојдете со мене на принесување жрт­ва.“ И го освети тој Јесеј и синовите негови и ги покани на жртвата.

6И кога дојдоа тие, тој штом го виде Елијав, рече: „Секако, овој е пред Гос­под помазаникот Негов!“

73 Цар 8,39; 1 Лет 28,9; Ис 55,8; Ер 17,10; Пс 7,9; 16,2; Изреки 15,11Но Господ му рече на Самоил: „Не гледај на лицето негово и високиот не­гов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“

8И го повика Јесеј Авинадав и го до­веде кај Самоил, па рече Самоил: „И овој Господ не го избрал.“

9Јесеј го доведе Шама, и Самоил рече: „И овој не е избран од Господ.“

10Така Јесеј ги доведе пред Самоил седумте синови свои, но Самоил му рече на Јесеј: „Ни еден од нив Господ не избрал.“

11Самоил го запраша Јесеј: „Сите деца твои ли се овие?“ Јесеј одговори: „Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците.“ И му рече Самоил на Јесеј: „Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде.“

129,2; 1 Мојс 39,6; 2 Мојс 2,2; 2 Цар 14,25; 3 Цар 1,6Тогаш Јесеј испрати, и го доведоа. Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице. И Господ рече: „Стани, помазај го, зашто тоа е тој.“

1310,1.6.10; Суд 3,10; Ис 11,2Самоил го зеде рогот со масло и го помаза среде браќата негови, и Духот Господов почиваше врз Давид од тој ден и подоцна. Потоа Самоил стана и отиде во Рама.

1418,10; 19,9; Суд 9,23А од Саул отстапи Духот Господов, и зол дух испратен од Господ, го мачеше.

15И му рекоа на Саул неговите слуги: „Ете, зол дух од Бога те мачи.

1616,23Нашиот господар нека заповеда на слугите свои што се пред тебе да по­бараат човек што знае да свири на хар­фа и кога лошиот дух од Бога ќе дојде врз тебе, тој, свирејќи со рака, ќе те успокојува.“

17Саул им одговори на слугите свои: „Најдете ми човек што убаво свири, и доведете ми го.“

1817,37; 1 Мојс 26,3; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Суд 2,18Тогаш еден од слугите негови рече: „Ете, јас видов кај витлеемецот Јесеј дека еден од неговите синови знае да свири. Тој е човек храбар и борбен, умно говори и е мошне убав, и Господ е со него.“

19Саул прати известител кај Јесеј и рече: „Испрати ми го синот свој Давид, кој е со стадото.“

209,7; 10,27; Изреки 18,17Јесеј зеде магаре натоварено со леб и еден мев вино и едно јаре, па ги испрати со синот свој Давид кај Саул.

21Изреки 22,29Давид дојде кај Саул, и се претстави пред него; тој многу му се допадна на Саул и му стана оруженосец.

22И Саул испрати да му кажат на Јесеј: „Нека служи Давид кај мене, би­дејќи стекна благонаклоност во моите очи.“

23И секогаш, кога злиот дух доаѓаше врз Саул, Давид ја земаше харфата, свиреше, и на Саул му стануваше по­добро и повесело, и лошиот дух тогаш се иставаше од него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help