Изреки 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Стекнување и чување на мудроста

1 1,8; 2,2 Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите на ра­зум,

23,1; 5 Мојс 32,2; Пс 88,30; 118,87зашто добар дар ви дарувам; не ос­та­вајте ја мојата заповед.

31 Лет 22,5; 28,9; Сир 6,18-37Зашто и јас бев сакан син на татко ми, и како единец омилен на мајка ми;

43,1; 7,2; 3 Мојс 18,5; Јов 22,22и татко ми ме поучуваше и ми ве­ле­ше: зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не забо­ра­вај ги!

54,7; 16,16Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не от­стра­нувај се од зборовите на устата моја.

62 Сол 2,10Не оставај ја, – и таа ќе те чува, сакај ја, – и таа ќе се грижи за тебе.

723,23Најважна е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност.

824,14Високо цени ја, и таа ќе те воздигне; таа ќе те прослави, ако ја прегрнеш,

91,9; Сир 6,31ќе положи на главата твоја прек­ра­сен венец, со великолепна круна ќе те дари.

Против безбожничко однесување

10 2,1; 3,2 Слушај, синко, и прими ги зборо­ви­те мои, – и ќе ти се умножат годините на животот.

111 Цар 12,24Ти го покажувам патот на мудроста, те водам по прави патеки.

123,23; Пс 17,36; Јк 5,20; 1 Птр 4,8Ако одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измо­риш.

133,18.22; Јн 6,63Држи се здраво за поуката, не оста­вај ја; пази ја, бидејќи таа е твојот жи­вот.

141,15; 3,31; Пс 1,1Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши луѓе;

153,7; 16,17остави го, не оди по него, отстрани се од него и заобиколи го;

16Мих 2,1; Пс 35,4зашто тие не заспиваат, ако не на­прават зло; и сон не ги фаќа, ако не до­ведат некого до пад;

17Ис 5,22; 28,1.7; Амос 2,8; Јов 15,16зашто тие јадат леб од беззаконие и пијат вино од грабеж.

186,23; 13,9; Ис 9,2; Пс 111,4; Јов 11,17; Дан 12,3; Мт 5,16Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе, дури не настане ден.

192,13; Ис 59,9-10; Ер 23,12; Мт 6,23; Јн 11,10; 12,35А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат.

Цврсто однесување

20 2,1; 5,1; 7,24; 22,17 Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои;

213,21; 7,1да не отстапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свое:

223,8.22; 12,18зашто тие се живот за оној што ги нашол, и здравје за целото тело негово.

23Мт 12,34; Лк 6,45Од сѐ, што е за пазење, најмногу чу­вај го срцето свое, зашто од него се из­ворите на животот.

246,12; 10,32; 19,1Отфрли ја од себе лажливоста на устата, и лукавството на јазикот од себе оддалечи го.

253,6; 11,5; 15,21; Пс 5,8; 118,128Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени право пред тебе.

265,21; Пс 118,5; Евр 12,13Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат цврсти.

271,15; 5 Мојс 5,32; 28,14Не скршнувај ни десно, ни лево; од­далечи ја ногата твоја од злото.

28зашто десните патишта Господ ги надгледува, а левите се расипани.

29Тој ќе ги направи твоите патишта прави, и твоето одење ќе го уреди во мир.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help