1 14,3; Ис.Н. 2,11 И оние што се наоѓаа во шаторите, кога чуја што се случило, се стаписаа.
22 Мојс 15,16; 1 Цар 11,11Ги обзеде страв и трепет и ни еден со друг не се видоа, туку секој се даде во бегство по сите патишта во рамнината и кон планинските краишта.
3Во бегство се дадоа и оние што беа во логорот околу Ветилуја. Тогаш синовите Израилеви, секој од нив храбар маж, потрчаа по нив да ги гонат.
4Суд 7,24; 3 Цар 20,20Озија испрати гласници во Ветоместем, Бевај, Хова и Хола и по сите израилски патишта да ги известат за она што се случи, сите да потрчаат по непријателите и да ги уништат.
51 Цар 14,22; 1 Мак 7,46Откако разбраа за сето тоа, сите израилски синови, заеднички ги нападнаа и ги гонеа сѐ до Хова; така постапија и оние што придојдоа од Ерусалим и од сите планински предели, откако беа известени за она што се случи со нивните непријатели од Гилад до Галилеја и од сите страни жестоко ги напаѓаа сѐ додека не избегаа зад Дамаск и зад неговите предели.
63 Цар 7,16Жителите на Ветилуја го нападнаа асирскиот логор, го ограбија и многу се збогатија.
71 Цар 17,53; 2 Лет 20,25А синовите израилски, откако се вратија, загосподарија со сѐ; и градови и села во планинските предели, а во рамнината зедоа голем плен, кој беше преизобилен.
Пофалбите за Јудита8Првосвештеникот Јоаким, дојде да види какво добро му направил Господ на Израил, да ја видат Јудита и да ја поздрават.
910,8; 13,4И штом излегоа пред неа, сите еднодушно ја благословија и рекоа: „Ти си славата на Ерусалим, ти си најголемата израилска гордост, ти си голема радост на Израил и најголема слава на нашиот род!
1013,20; Пс 71,17Сето тоа го направи со своја рака; ти му направи добро на Израил и на Бог Му омиле; нека те благослови Седржителот Господ во сите времиња!“ И сиот народ извика „Амин.“
111 Цар 17,54; Ез 39,10; 2 Лет 20,25Народот земаше плен од логорот триесет дена – на Јудита ѝ го дадоа шаторот на Олоферн, сите сребрени садови, чаши, постилки и сета покуќнина. Таа го зеде сето тоа, ја натовари својата маска, а потоа ги спреми своите коли и ги натовари до горе.
122 Мојс 15,20; 1 Цар 18,6Сите израилски жени трчаа да ја видат, ја величаа и танцуваа во нејзина чест; составија за неа хор, а таа зеде прачки обвиени со лисја од лоза и им ги даде на жените што беа околу неа.
13На главите си ставија венци од маслинови гранчиња, таа и оние што беа со неа. Таа одеше пред сиот народ и ги предводеше жените со песни и танци; по неа одеа сите вооружени израилски мажи, со венци овенчани и со песна на усните.
14Ер 31,13; Пс 146,7Пред сиот израилски народ Јудита ја почна својата благодарствена песна, а сиот народ ја прифати нејзината песна.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.