Еремија 41 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 4 Цар 25,25 Во седмиот месец, Исмаил, синот на Нетанија, син Елиша­ма­ев, од царски род и великодостојник при царот, и десет души со него дојдоа во Мицпа кај Годолија, синот Ахикамов, и таму, во Мицпа, јадеа заедно леб.

2И стана Исмаил, синот Нетаниев и десетте души со него, па го убија со меч Годолија, синот на Ахикам, син Са­фа­нов, и го убија оној, кого вавилонскиот цар го беше поставил за управник на земјата.

3Исмаил ги уби и сите Јудејци, кои беа со Годолија во Мицпа, и Халдејците и војниците што се наоѓаа таму.

4На вториот ден, по убивањето на Го­долија, додека уште никој не знаеше за тоа,

5дојдоа од Сихем, Силом и Самарија, осумдесет души со избричени бради и раскинати облеки и со посекотини по телото, со дарови и темјан во рацете, за да ги принесат во домот Господов.

6Сир 12,16Исмаил, синот Нетаниев, излезе од Мицпа да ги пресретне, одејќи и пла­чеј­ќи, и кога ги сретна, им рече: „Одете кај Годолија, синот Ахикамов.“

71 Мак 7,19И кога влегоа во градот, Исмаил, си­нот Нетаниев, заедно со оние што беа со него, ги уби и нив и ги фрли во јама.

8Но се најдоа меѓу нив десет души, кои му рекоа на Исмаил: „Не убивај нѐ, бидејќи во полето имаме сокриени клетови со пченица и јачмен, масло и мед.“ И тој се воздржа, па не ги уби со нив­ни­те други браќа.

9А ровот, каде што ги фрли Исмаил труповите на луѓето, што ги уби поради Годолија, беше истиот, што го беше направил царот Аса, од страв пред Ба­ша, царот израилски; него го наполни Нетаниевиот син Исмаил со убиените.

10Тогаш го зароби Исмаил сиот народ во Мицпа, царските ќерки и сиот друг народ што беше останал во Мицпа, кого Навузардан, началникот на телохрани­телите, беше го доверил на Годолија, синот Ахикамов, па во зората тргна Исмаил, Нетаниевиот син кон земјата на синовите Амонови.

11Но, Јоханан, синот на Кареах, и си­те воени началници со него, чуја за сите злодела што ги беше извршил Исмаил, синот Нетаниев,

12па ги поведоа сите луѓе и отидоа да се бијат со Исмаил, синот Нетаниев, и го стигнаа кај големите води, во Гаваон.

13И кога сиот народ, што беше со Ис­маил, го виде Јоханан, синот на Кареах, и сите воени началници со него, тој се зарадува.

1441,10.16Тогаш сиот народ, што беше го за­робил Исмаил од Мицпа, се откажа и се приклучи, па отиде при Јоханан, синот на Кареах.

15А Исмаил, синот Нетаниев, побегна од Јоханан со осум души и отиде при синовите Амонови.

Јоханан решава да го води народот во Египет

16Тогаш Јоханан, синот на Кареах, и сите воени началници со него, го поведоа од Мицпа сиот народ, што го ослободи тој од Исмаил, синот Нетаниев, откако го беше убил Годолија, синот Ахикамов, луѓе, војници, жени, деца и дворјани, што беше ги извел од Гаваон:

17отидоа, па се задржаа во населбата Кимхам, близу до Витлеем, за да избегаат во Египет,

1842,11бидејќи се плашеа од Халдејците, зашто Исмаил, синот Нетаниев го уби синот Ахикамов, Годолија, кого вави­лонскиот цар беше го поставил за уп­равник на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help