Неемија 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Неемија овластен да се врати во Ерусалим

1 1 Езд 4,7; 6,14 Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од ме­сецот нисан, имаше пред мене вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев туѓ пред него.

2А царот ме праша: „Зошто ти е на­жалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив

34 Цар 25,8-10; Ер 52,12-14; 2 Лет 36,19и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е запустен и портите негови со оган се изгорени!“

4И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог

5и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга на­шол благоволение пред лицето твое, то­гаш испрати ме во Јудеја, во градот, ка­де што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“

65,14; 13,6И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И ца­рот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.

7Тогаш му реков на царот: „Ако бла­говоли царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја,

81 Езд 7,6и писмо до Асаф, чуварот на цар­ските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за куќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, би­дејќи раката на Бога беше над мене.

91 Езд 8,22Кога стигнав кај управителите на областа зад Реката, им ги предадов цар­ските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници.

104,1; 6,1-2.5.12.15; Ест 10,3Кога го слушнаа тоа Санавалат, хорончанецот и Товија, амонски роб, им стана многу непријатно што дошол чо­век да се грижи за доброто на синовите Израилеви.

Неемија ја проверува состојбата на ѕидините

11Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни.

12Потоа станав ноќе со неколку ма­жи, што беа со мене, и никому не му кажав што ми ставил Бог на срце да на­правам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на кое јавав.

133,13; 12,31; 2 Лет 26,9Така минав ноќе преку Долинските Порти накај Изворот на Змејот и низ Гноишните Порти, ги разгледав разру­шените ѕидишта на Ерусалим и изгоре­ните негови порти со оган.

14И дојдов до Изворните Порти и до царскиот базен, но таму немаше место да мине добичето што беше под мене;

15и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.

16Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите што беа задолжени околу таа работа.

171,3; Ис 58,12; Ез 5,14Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Еру­салим, та да не бидеме веќе за срам.“

181 Езд 7,6И им раскажав дека добрата рака на мојот Бог беше над мене, – и за збо­ровите на царот што ми ги кажа. Па им ре­ков: „Да станеме и да градиме!“ То­гаш им се зацврстија рацете за добро дело.

19Пс 43,12-15Кога го слушнаа тоа Санавалат хо­рончанецот и Товија, амонски роб, и Гешем Арабјанецот, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: „Што сакате да на­правите? Мислите ли да кренете бунт против царот?“

20Дела 8,21Јас им одговорив и реков: „Небес­ниот Бог, Тој ќе ни помогне, и ние, слу­гите Негови, чисти ќе почнеме да ѕида­ме, а за вас нема да има ни дел, ни пра­во, ни спомен во Ерусалим.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help