1 1 Сол 2,19-20 И така, браќа мои возљубени и многу пожелни, радост моја и венец, стојте цврсто во Господ, возљубени!
22,2Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
31,30; 2,25; Пс 68,28; Дан 12,1; Лк 10,20; Дела 3,5; 2 Кор 8,23а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.
43,1Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6Мт 6,25-34; 1 Птр 5,7За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,
7Ис 26,3; Јн 14,27; Кол 3,15и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.
8Рим 12,2.17; 1 Сол 4,12Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
9И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас!
Павле им заблагодарува на Филипјаните за нивните подароци10 2,25-30 Јас се зарадував необично многу во Господа, зашто најпосле расцветавте во вашата грижа за мене; вие и порано се грижевте за мене, но немавте згодна пригода.
111 Тим 6,6; Евр 13,5Ова го велам не поради скудност од нешто, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам.
12Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во немаштија.
132 Кор 12,9-10; Кол 1,11; 2 Тим 4,17Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.
14Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб.
15Дела 16,12-14; 2 Кор 11,9А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;
16Дела 17,1-9зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи.
17Мт 3,8; 1 Кор 9,11Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза.
18Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафродит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога.
19Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.
20Рим 16,24А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин!
Последни поздрави21 Дела 9,13; Рим 1,7 Поздравете го секој светија во Христос Исус! Ве поздравуваат браќата што се со мене.
221,13Ве поздравуваат сите светии, а особено оние што се од Цезаревиот дом.
23Гал 6,18; Фил 1,25Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.