Јов 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одговор на Јов (продолжение): Бог им попушта на беззакониците

1 21,7 „Зошто не се сокриени од Седржителот времињата? И оние, кои Го знаат, не ги гледаат дните Него­ви?

25 Мојс 27,17; Изреки 22,28Безбожниците поместуваат меѓи, ограбуваат стада и си ги пасат,

324,17од сираците одземаат магаре, од вдо­вица вол – за залог;

45 Мојс 15,11сиромаси истуркуваат од патот, сите понизени се принудени да се кријат од нив.

517,10Ете, како диви магариња во пустина, излегуваат тие по работата своја, стануваат рано за грабеж; пустината им дава леб за нив и за децата нивни;

612,16жнеат по туѓи ниви, и од лозјето на безбожникот крадат;

712,17голи ноќеваат без покривка, немаат облека за да се спасат од студ;

812,19наводенети од горски дождови и, немајќи прибежиште, се притискаат до карпа;

912,20раздвојуваат сираче од градите на мајката и земаат залог од сиромав;

1012,21ги тераат да одат голи, без облека, и на празен стомак снопови да носат;

1112,24маслиново масло на другите тие це­дат, и во каци жедни грозје тие гмечат.

1212,25Во градот луѓето офкаат и душата на убиените вика, а Бог тоа не го слуша.

1321,14Тие ѝ се противат на светлината, не ги знаат патиштата нејзини и не одат по патеките нејзини.

146,27На разденување станува убиецот, убива сиромав и несреќен, а ноќе е кра­дец.

159,24И окото на прељубникот чека да се стемни, велејќи: ‚ничие око нема да ви­ди‘ и го покрива лицето свое.

1616,11Во темнината се провираат под ку­ќите, а дење се кријат затворени; не знаат тие за светлина.

1727,5За нив најцрната ноќ е како јасно утро, толку се зближени тие со стра­во­тиите на темнината.

1827,7Лесен е таквиот на водната по­вр­ши­на, проклет е делот негов на земјата, и не го гледа патот кон лозјата.

1927,21Како што сушата и горештината ја голтаат снежната вода, така пеколот ги голта грешниците.

2027,19Нека го заборави утробата мајчина; нека биде храна за црвите; нека не ос­та­не помен за него; како дрво ќе се скрши беззаконикот;

2127,14оној кој угнетува бездетна, и на вдо­вица не ѝ прави добро.

22Но Бог сосила ги истерува насилни­ците; се појавува и тие немаат надеж за животот свој.

2327,16-17Бог им дава во што да се надеваат, но Неговите очи ги гледаат нивните па­тишта.

2427,20Се креваат високо, – и, ете, веќе ги нема; паѓаат и умираат, како и сите, и како врвовите на класовите се кршат.

2521,34Ако тоа не е така, – кој ќе ме изо­б­личи за лагата и кој ќе ги претвори во ништо зборовите мои?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help