Судии 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ го укорува Својот народ

1 3 Мојс 26,42-44 Дојде ангел Господов од Гилгал во Бохим (и во Ветил, во домот на Из­раил) и рече: „(Вака вели Господ:) Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на тат­ковците ваши (дека ќе ви ја дадам); и реков: – нема да го нарушам Мојот за­вет со вас никогаш;

22 Мојс 23,32; 34,12; 5 Мојс 7,2; 5 Мојс 12,3вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; (на боговите нивни не им се поклонувајте, идолите нивни скршете ги), жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така?

32 Мојс 23,33; 34,12; 5 Мојс 7,16Затоа велам: (нема повеќе да ги преселувам тие луѓе што сакав да ги исте­рам), нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а боговите нивни ќе ви бидат соблазна.“

4Кога ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израилеви, народот крена голем пискот и заплака.

5Поради тоа и го нарекуваат тоа мес­то Бохим. Таму тие Му принесоа жртва на Господ.

Смртта на Исус

6Откако Исус го распушти народот, синовите Израилеви заминаа, (секој во домот свој и) секој во својот дел за да добие во наследство земја.

7Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе се­то големо дело на Господ што Тој го направи за Израил.

8А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години,

9Ис.Н. 19,49го погребаа во пределите на него­виот дел што го наследи во Тим­нат-Херес, во Ефремовата Гора, на север од планината Гааш;

10Гал 4,8и кога целото поколение им се при­дружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Господа и делата Негови, какви што му беше направил на Израил, –

Народот отстапува од Господ

11 3,7; 3,12; 4,1; 6,1; 8,33; 10,6; 3 Цар 16,31; 22,53-54 тогаш Израилевите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му служат на Ваал;

124 Мојс 11,33; 5 Мојс 4,25; Пс 77,58; 106,40Го оставија Господа, Бог на тат­ковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните мес­та, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господ;

13Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Ас­тарти.

145 Мојс 31,17; Неем 9,27Тогаш Господ силно се разгневи против Израилците и ги предаде во ра­цете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои.

155 Мојс 28,15-46Насекаде, каде и да отидеа тие, ра­ката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака.

16Пс 105,43; Дела 13,20Тогаш Господ им постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа.

17Ос 1,2; Пс 105,36; Неем 10,27Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се поклонуваа, (па Го разгневија Господа), а потоа скршнаа од патот, по кој одеа нивните предци, кои им се покоруваа на заповедите од Господ. Тие не правеа така.

181 Цар 7,3; 4 Цар 13,5Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни во текот на целиот век на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги офкањата нивни од оние што ги угнетуваа и потискаа.

19Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат во уште поголем разврат од своите предци, одејќи по други богови, да им служат и да им се поклонуваат. И не отстапуваа од делата свои жестоки и од лошиот пат свој.

Господ го искушува Израил

20 Ис.Н. 7,11; 4 Цар 17,15 Тогаш Господ силно се разгневи против Израил и рече: „Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој што го поставив со нивните предци, и не го послушаа гласот Мој,

21ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите што ги остави Исус, кога умираше,

22за да го испитам Израил; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа татковците нивни, или не?“

23И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исус.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help