2 Летописи 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Изведување на работите при изградбата на храмот; местото, размерите и материјалот за изградбата

1 1 Мојс 22,2; 28,17; 2 Цар 24,16-25; 1 Лет 21,15-30; Дела 7,47 И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан.

21 Езд 5,11А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.

3Ез 41,2Основата, положена од Соломон при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по ста­рата мерка, а широчина – дваесет лак­ти;

4а тремот пред домот беше долг кол­ку ширината на домот – дваесет лакти, висок, пак, – сто и дваесет.

5Ез 40,16А главниот дом го обложи со кипа­рисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.

6Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше од Парваим.

71 Мојс 3,24; Ез 41,18Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозорците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими;

82 Мојс 26,33и ја направи двораната на Свети­њата над светињите: должината нејзина според широчината на домот – дваесет лакти, и широчината нејзина – дваесет лакти; и ја покри со шестотини кикари чисто злато.

92 Мојс 26,32Тежината на клиновите беше: секој клин педесет шекели злато. И горните одаи ги опкова со злато.

102 Мојс 25,18А во Светињата над светињите на­прави два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.

11Крилјата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното крило, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим;

12исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим.

13Крилјата на херувимите беа раши­рени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.

141 Мојс 3,24; 2 Мојс 26,31Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа извезе херувими.

Два столба(3 Цар 7,15-22)

15 3 Цар 7,15.20; Откр 3,12 Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капи­тели одозгора – секој од по пет лакти.

163 Цар 7,17.20Направи и веришки, како во све­тилиштето, и ги положи врз столбо­вите; направи и сто нарови, кои ги пос­тави на веришките.

17Ги постави столбовите пред храмот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јахин, а левиот Вооз.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help