Даниил 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Учењето Даниилово

1 , во домот на својот бог, и ги внесоа тие садови во ризницата на својот бог.

3Ис 39,7; 4 Цар 20,18И му рече царот на Ашпеназ, на­чал­никот на дворјаните, да му доведе од си­новите Израилеви, од царски и кне­жев­ски род,

41 Мојс 39,6; 1 Езд 4,7момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични за гледање и способни за секаква наука, добро воспитани, бистри, што ќе одговараат за служење во царските палати, и да ги научи хал­дејски јазик.

54 Цар 25,29-30И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги одгледуваат три години, а потоа да се појават пред царот.

6Меѓу нив беа од Јудините синови Даниил, Ананија, Мисаил и Азарија.

72,26Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниил го нарече Валтазар, Ананија – Седрах, Мисаил – Мисах и Азарија – Авденаго.

8Ез 4,13-14; Јудита 10,5; 12,2; Тов 1,11-12; 2 Мак 5,27; 6,18–7,42Даниил науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува.

91 Мојс 39,21Бог му даде на Даниил милост и бла­гонаклоност кај началникот на дворјаните.

10И така, началникот на дворјаните му рече на Даниил: „Се плашам од својот господар, царот, кој лично ја определи храната и пиењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ќе го доведете во опасност мојот живот пред царот.“

11Тогаш Даниил му рече на чуварот, кого го беше поставил над Даниил, Ана­нија, Мисаил и Азарија началникот на дворјаните:

12Откр 2,10„Обиди се со слугите свои – десет дни нека ни даваат зеленчук како храна и вода како пиење;

13а потоа нека се јават пред тебе на­шите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ќе мислиш да е добро.“

14Откр 2,10Тој ги послуша во тоа и направи таков обид со нив десет дена.

152 Мојс 23,25По десетте дена лицата нивни из­гледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хра­неа со царските јадења.

16Оттогаш чуварот им даваше зе­лен­чук, наместо царската храна.

172,23; Јов 12,13; Кол 1,9И им дарува Бог на четирите мом­чиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниил му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа.

18Откако завршија деновите, кога ца­рот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносор.

19Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниил, Ананија, Мисаил и Аза­рија, и потоа тие почнаа да служат пред царот.

201 Мојс 41,8; Ест 2,15И во сѐ, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство.

216,9; 10,1; 1 Езд 1,1; 2 Лет 36,22И остана таму Даниил до првата го­ди­на на царот Кир.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help