1 Изреки 13,24; 23,13-14; 29,15 Кој синот свој го сака, често го казнува – та на крајот да му се радува.
2Изреки 29,17Кој синот свој добро го воспитува – помош ќе има од него; меѓу своите познати со него ќе се фали.
3Кој синот свој го поучува – предизвикува завист кај својот непријател, а пред пријателите ќе се радува поради него.
4Тов 9,6А кога умре неговиот татко, како и да не умрел; зашто сличен на себе оставил;
5Додека живеел, гледајќи го, со него се радувал, а на умирање не се натажил;
6Пс 126,5за непријателите тој одмаздник оставил во него, а за пријателите – син што благодарен ќе им биде.
7Кој синот свој го милува – раните негови ќе ги лекува, а од секое негово офкање – срцето ќе му се потресува.
8Изреки 29,15Нескротен коњ останува див, а запуштен син – станува тврдоглав.
9Разгали го твоето дете, тоа ќе те вчудовиди; играј се со него и тоа ќе те ожалости.
10Не смеј се со него, за да не плачеш со него и најпосле и со заби да чкрташ.
11Не давај му слобода во младоста; грешките негови – не простувај му ги;
12свиткај му го вратот додека е мал, гмечи ги ребрата негови додека е млад, за да не биде бунтовен и непослушен.
13Воспитувај го синот свој и внимавај над него, за да не те огорчуваат неговите непристојни постапки.
Здравјето14Подобро е да си сиромав, здрав и силен, отколку богат – со истоштено тело.
15Изреки 3,15Здравјето и силата на телото поскапи се од злато, и крепко тело подобро е од неизмерно богатство,
16нема богатство поголемо од здравјето на телото, ниту радост поголема – од радоста на срцето.
17Јов 3,13; Тов 3,15Подобра е смртта од тажен живот и постојана болест.
18Посл 1,26Добри јадења принесени пред затворена уста – исто се што и јадењата ставени на гроб.
195 Мојс 4,28; Ис 40,20; Пс 114,4-7Зошто му се на идол жртви? Тој ни јаде ниту мириса:
20така е и со оној кого Господ го прогонува,
2120,4со очите гледа и воздивнува, па е сличен на скопец, кој девојка милува и воздивнува.
Прогонување на жалоста22 14,16; 38,20; Проп 11,9-10 Не предавај се на жалоста, со мрачни мисли не измачувај се.
23Срце весело – живот е за човекот, а радоста – животот му го продолжува.
24Сакај ја својата душа, утешувај го своето срце; прогонувај ја жалоста;
25жалоста многумина убила, никаква корист од неа нема.
26Љубомората и гневот животот го скратуваат: грижите носат предвремена старост.
27Изреки 15,15Искреното и добро срце и за храната своја се грижи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
