Сирахова 41 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Смртта

1 Јов 14,1-2 О смрт, колку горчливо си спомнува за тебе оној, којшто задоволно живее на својот имот;

2човек што спокојно живее и напредува во сѐ и кој уште може да јаде и да пие!

3Јов 3,20-23; Тов 3,6О, смрт, твојата пресуда е утешна за оној што страда и што сили нема,

4за престарен и затрупан со грижи, за оној што загубил надеж и што трпение нема.

5Не плаши се од законот на смртта; спомни си за оние пред тебе и за оние што по тебе идат. Тоа е пресуда од Гос­пода за секое живо суштество.

61 Мојс 3,19; 6,3; Проп 6,6; 9,10Зошто се плашиш од она што на Севишниот Му е угодно? Живеел ти десет, сто или илјада години

7– во пеколот не се испитува дол­жината на животот.

Судбината на безбожниците

8 Ез 16,44 Децата на грешниците стануваат ужасни, со безбожници се дружат.

9Мудр 3,12Наследството на децата од греш­ни­ци на пропаст е осудено: потомството нивно вечно прекорувано ќе биде.

10Безбожниот татко децата негови го колнат, зошто поради него тие се из­ло­жени на бесчестие.

11Тешко вам, безбожници, зашто за­ко­нот на Севишниот Бог го оставивте!

12Кога сте се родиле, за проклетство сте родени, а кога ќе умрете – проклетство ќе наследите.

1340,11Сѐ што е од земја, во земја се враќа, а безбожниците од проклетство во про­паст ќе појдат.

Доброто име

14 10,17 Луѓето плачат по своите мртви, а на грешниците и недоброто име ќе им се избрише.

15Изреки 22,1; Проп 7,1Грижи се за твоето име; тоа останува подолго со тебе, отколку неброено злато.

1617,2; 37,25-26За деновите од добриот живот има број, а доброто име останува довека.

Што е срамно

17 20,30-31; Мт 5,14-16; 25,25 Пазете ги, деца, поуките мои во мир; каква е ползата од сокриена муд­рост и закопано богатство?

1820,31Подобар е оној што ја крие својата глупост од оној што својата мудрост ја крие.

194,21; 20,22-23И така, срамувајте се од она што ќе ви речам:

20не е добро од сѐ да се срамувате, ниту сѐ подеднакво се цени.

214,25; 7,12-13; 20,24Срамувајте се од блуд пред татко и мајка, а пред началник и господар – од лага;

22од злосторство пред судија и кнез; од беззаконие – пред собир и пред народ;

23од неправда – пред пријател и другар, а од кражба – пред соседите свои;

24пред вистината Божја и заветот, од потпирање лакти на трпеза, од измама при давање и земање;

259,3.6срамувај се да молчиш пред оние што те поздравуваат, срамувај се во развратна жена да гледаш и од сонародник лице да свртуваш;

269,8-9; Мт 5,28срамувај се да присвоиш туѓ дел и подарок, на туѓа жена да мислиш и на слугинката своја да ѝ се умил­куваш;

27не приближувај се до постелата нејзина;

28пред пријател од зборови срамни срамувај се; откако си подарил, не при­говарај;

2919,7-8; 22,22; 27,16-21Срамувај се да повторуваш и да ши­риш тајни гласови и туѓи тајни да от­криваш. Тогаш ќе бидеш вистински воспитан и кај секој човек милост ќе најдеш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help