1 Ездра 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Одговор од царот Дариј

1 4,15 Тогаш царот Дариј издаде заповед, и бараа во Вавилон, во архивот, ка­де што ги чуваа важните документи.

2И во Ахмета, во дворецот, кој е во областа Мидија, беше пронајден еден свиток, и во него беше напишано вака: „Потсетник.

33 Цар 6,2Во првата година од владеењето на царот Кир, царот издаде указ за домот Господов во Ерусалим: Нека биде из­граден дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова – шее­сет лакти, ширината негова – шеесет лакти;

43 Цар 6,36; 7,12три реда големи камења, еден ред дрва; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом.

51,7; 1 Лет 29,2Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени што Навуходоносор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и од­несат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божјиот дом, секој на свое место.

65,3Затоа, Татенај, кој управуваш со зад­речната област, и ти Ситар-Бознај и вие нивни соработници, испратени во областа зад Реката, бидете на разумна од­далеченост оттаму!

7Не запирајте ја работата на Божјиот дом; јудејскиот кнез и јудејските ста­решини нека го градат оној Божји дом на местото негово.

8А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старешини јудеј­ски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот – од данокот на задречната област да им се дава на тие луѓе за да не се запира работата;

9и колку што ќе бидат потребни – телиња, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пчени­ца, сол, вино и масло, толку, колку што ќе определат свештениците ерусалимски, нека им се дава секој ден без прекин,

101 Мак 7,33; Варух 1,11; 1 Тим 2,2за да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови.

117,26; 5 Мојс 21,22-23; Ест 2,23; 5,14; 9,14; Дан 2,5; 3,29Заповедам уште – кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од ку­ќата негова, да го издигнат и приковаат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини.

122 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“

13Тогаш Татенај, управителот на задречната област, Ситар-Бознај и нивните соработници, постапуваа точно онака, како што заповеда царот Дариј.

Осветување на повторно изградениот храм

14 5,1 И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израилев и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, цареви персиски.

15Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар, во шестата година од царувањето на царот Дариј.

163 Цар 8,62-66; 2 Лет 7,1-10И синовите Израилеви, свештени­ците, левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го из­вршија осветувањето на тој Божји дом.

172 Цар 6,13; 3 Цар 8,63; 2 Лет 29,21И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, чети­ристотини јагниња и дванаесет јарци како жртва за грев за целиот Израил, според бројот на племињата Израилеви.

184 Мојс 3,6-9; 8,9-11; 1 Лет 24,1; 2 Лет 35,4; Лк 1,5И поставија свештеници според чи­новите нивни и левити според родовите нивни за Божја служба во Ерусалим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.

Јудејците го прославуваат празникот Пасха

19 2 Мојс 12,1-14 Потоа вратените од пленство прос­лавија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец,

202 Лет 30,17зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чис­ти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси.

219,1; 5 Мојс 18,9; Ез 36,25; Пс 13,2; Неем 9,2И јадеа синовите Израилеви што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израилев.

221,1; 2 Мојс 12,17А го празнуваа со радост и праз­никот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги пот­крепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help