Исаија 61 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Благовест за идниот Месија

1 11,2; 40,9; 42,1.7; 45,1; Пс 146,3; Мт 3,16; Лк 4,18; 7,22 Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме ис­прати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените и на зат­во­ре­ниците – отворање на темницата,

249,8; 57,18; 3 Мојс 25,10; Мт 5,5; Лк 4,19да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат,

342,3; 61,10; Пс 29,11; Фил 1,11да им соопштам на оние што тагува­ат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – мирисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; и ќе ги наречат дабови на правда, градина на Господ за Негова слава;

444,26; 58,12; Ез 36,10.33.35и ќе ги изградат древните урнатини, ќе обноват стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.

514,2Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги па­сат стадата ваши; синовите на туѓин­ци­те ќе бидат ваши земјоделци и ваши ло­зари.

660,5; 2 Мојс 19,6; Рим 13,6; Откр 1,6; 20,6А вие ќе се нарекувате свештеници на Господ, – служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославува­те со нивните богатства.

740,2; Зах 9,12; Јов 42,10Заради тоа што бевте двојно посрамени, подбивот и срамот им беа наследство, затоа во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив.

Господ ја сака правдата

8 55,3; Пс 36,28; 45,8 Зашто Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ќе им дадам награда според вистината и ќе направам со нив вечен завет;

965,23; 1 Мојс 12,3и семето нивно ќе биде познато меѓу народите, и потомството нивно – меѓу племињата; сите, што ќе ги видат, ќе познаат дека се тие семе благословено од Господ.

Радост во Господ

10 41,16; 49,18; 1 Цар 2,1; Авак 3,18; Пс 131,9.16; Лк 1,46; Откр 21,2 Многу ќе се радувам во Господ, ду­шата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Тој ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, ка­ко на младоженец ми стави венец и ка­ко невеста со накит ме украси.

1145,8; 62,7; Соф 3,20Зашто – како што земјата ги про­из­ведува растенијата свои, и како што во градината расте сѐ што ќе се посее – та­ка Господ Бог ќе направи да никне правда и слава пред сите народи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help