1 , тогаш уверете се дека овие луѓе Го разгневиле Господа.“
31Ис 64,1-2Штом ги изговори тие зборови, земјата се распука под нивните нозе,
322 Мојс 15,12; Пс 105,17; Откр 12,16и земјата ја отвори устата своја и ги голтна нив и семејствата нивни, како и сите луѓе на Кореј со сиот нивен имот,
33Откр 19,20и тие слегоа живи во адот со сѐ што беше нивно, и земјата ги покри, и нив ги снема од заедницата израилска.
34Сите Израилци, што беа околу нив, се разбегаа од нивното викање, зашто си рекоа: „Бегајте, за да не нѐ голтне и нас земјата.“
353 Мојс 10,1-3Оган излезе од Господ и ги изгори оние двесте и педесет мажи, што беа принеле темјан.
Кадилниците на Кореовите приврзаници36И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
372 Мојс 6,23; 3 Мојс 10,1-3„Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере (бронзените) кадилници на изгорените и огнот да го исфрли, бидејќи тие се осветија,
382 Мојс 20,24; 3 Мојс 10,1; Ер 44,29; Ез 14,8; 2 Птр 2,6кадилниците на овие грешници поради нивната смрт, да се сплескаат на листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Господово, и затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите на Израил.“
39Тогаш свештеникот Елеазар, ги зеде бакарните кадилници, што ги беа донеле изгорените, и ги сплескаа на листови за оковување на жртвеникот,
402 Мојс 30,9; 2 Лет 26,18за да помнат синовите израилски, па никој надворешен, кој не е од Ароновото семе, да не принесува темјан пред Господ, за да не стане и со него она, што стана со Кореј и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеј.
Народот се буни против Мојсеј и Арон41На вториот ден целото општество на синовите израилски се побуни против Мојсеј и Арон и рече: „Вие го уништивте народот Господов.“
422 Мојс 16,7И кога се собра народот, за да ги нападне Мојсеј и Арон, тие се свртеа кон скинијата на собранието, и ете, ја покри облак и славата Господова се јави.
43И се приближија Мојсеј и Арон кон скинијата на собранието.
44И му рече Господ на Мојсеј (и на Арон), велејќи:
452 Мојс 32,10-11; 2 Мојс 29,36; 3 Мојс 10,1.6; Пс 105,29; Мудр 18,20-25„Отстранете се од тие луѓе и Јас во еден миг ќе ги погубам!“ Но тие паднаа на колена.
46И му рече Мојсеј на Арон: „Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господ, и почна да ги погубува луѓето.“
47И направи Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете веќе почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
48Пс 105,30застана меѓу мртвите и живите, и поморот престана.
49Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореј.
50Тогаш Арон се врати кај Мојсеј, при влезот од скинијата на собранието, откако престана поморот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.