Захарија 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Казна за непријателите на Израил

1 Пс 28,5 Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои.

2Ис 2,13; Ез 27,5-6Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот, зашто паднаа великаните; ридајте, дабови башански, бидејќи е испосечена густата гора.

3Ер 25,34Се слуша гласот од плачењето на пастирите, бидејќи е опустошена нивната слава; се слуша рикањето на лавовите, зашто е опустошена гордоста на Јордан.

Бескорисни духовни пастири

4 Ер 12,3 Така вели Господ, мојот Бог: „Па­си ги овците, определени за клање,

5Ез 34,3; Ос 12,9кои купувачите, без пречка ќе ги колат, а продавачите ќе им велат: ‚Нека е благословен Господ; се збогативме!‘ И пастирите нивни не ќе ги жалат.

6Зашто Јас веќе нема да ги жалам жителите од земјата, вели Господ; ете, ќе ги предадам луѓето, секого во рацете на неговиот ближен и во раце­те на неговиот цар, и тие ќе ја пусто­шат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни.“

7Ез 34,15; Пс 22,4И зедов да ги пасам овците во земјата хананска, определени за клање, овци наменети за трговците. И зедов два стапа, едниот ќе го наречам – Благо­наклонетост, а другиот – Сојуз; со нив ги пасев овците.

8И отфрлив тројца од пастирите во еден месец, а и овците ми одмилеа, па и јас ним.

9Ис 9,20; Ер 15,2; 43,11; Откр 13,10Тогаш реков: „Нема повеќе да ве пасам; онаа што е за умирање, нека умре, и која загинува, нека загине; тие, пак, што ќе останат нека се изедат една со друга!“

10Ер 11,10И така го зедов стапот Свој Благо­наклонетост и го скршив, за да го раскинам Сојузот што го склучив со сите народи.

11И тој беше уништен во оној ден, и тогаш разбраа трговците со овци, кои ме гледаа, дека ова е слово од Господ.

12Мт 26,15И им реков: „Ако ви е угодно, дај­те ми ја платата моја; ако, пак не – не давајте ми ја; и тие ми определија плата триесет сребреници.“

134 Цар 12,10; 22,4; Мт 27,5.9-10А Господ ми рече: „Фрли ги во црковната каса – тие големи пари со кои Ме оцени!“ И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Господов.

14Ер 3,18Го скршив и Својот друг стап – Сојуз, за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израил.

15И ми рече Господ: „Земи си уште нешто од опремата на безвреден пастир.

16Ер 23,1; Ез 34,2-4Зашто, ете, Јас ќе поставам еден безумен пастир во оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ќе го јаде и копитата ќе им ги откинува.“

17Јов 17,7; Јн 10,12-13Тешко му на овој неодговорен пастир, што го остава стадото! Меч нека му ги исече раката негова и не­говото десно око! Раката наполно не­ка му се исуши, и десното око негово наполно нека потемне!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help