4 Царства 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јошија го обновува заветот со Бога(2 Лет 34,29-32)

1 3 Цар 8,1 Тогаш царот испрати, та се собраа кај него сите старешини на Јуда и на Ерусалим.

223,21; 2 Мојс 24,7И отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и сите ерусалимски жители, и свештениците, и пророците, и сиот народ, од мал до голем, и им ги прочита гласно сите зборови од книгата, што беше најдена во домот Госпо­дов.

3Потоа царот застана на високо мес­то и пред лицето Господово се заветува дека ќе Го следи Господа и дека ќе ги чува заветите Негови, откровенијата Негови и наредбите Негови, од сѐ срце и душа и ќе ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга. И сиот народ се заветува.

Обнова на верата во Јудеја(2 Лет 34,3-5)

4 3 Цар 15,13 Тогаш царот му заповеда на прво­свештеникот Хелкија и на другите свештеници и на вратарите да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Ашера и за сета небеска војска, и ги изгоре надвор од Ерусалим, во кидронската долина, и за­поведа да ја пренесат пепелта нивна во Ветил.

5Ос 10,5; Соф 1,4И ги отстрани многубожечките жреци што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадење по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечина­та, на планетите и на сета небеска вој­ска.

6И ја изнесе тогаш статуата на Аше­ра од домот Господов надвор од Еру­салим, кај потокот Кедрон, и ја изгоре таму, ја претвори во пепел и ја фрли пепелта нејзина во општонародните гробишта;

7и ги разурна блудничките домови што беа кај храмот Господов, каде што жени шиеја облека за Ашера;

8и ги изведе сите жреци од јудејските градови, ги оскверни идолските свети­лишта, по кои жреците вршеа кадења, од Гева до Вирсавија, и ги разурна све­тилиштата пред портите – оние кај влезот кон портите на Исус градоначални­кот, и оние одлево кај градските порти.

9Жреците на идолските светилишта, меѓутоа, не принесуваа жртви врз жртвеникот Господов во Ерусалим, туку јадеа бесквасни лебови заедно со браќата свои.

10Ис 30,33; Ер 7,31-32; 19,6-14Тој го оскверни и Тофет што е во долината Бен-Хином, та никој да не го пренесува синот свој и ќерката своја преку оган во чест на Молох;

11и ги урна коњите што јудејските цареви ги ставаа во чест на сонцето пред влезот во домот Господов, близу до собите на дворјанинот Нетан-Мелех, во додатната зграда, а колесниците на сонцето ги изгоре со оган.

1221,5И жртвениците врз покривот на Ахазовата горна соба што ги направија јудејските цареви, и жртвениците, што Манасија ги беше направил во двата двора на домот Господов, царот ги собори и ги растури оттаму, и правот нивни го фрли во потокот Кедрон.

133 Цар 11,7И идолските светилишта пред Еру­салим, десно од Маслиновата Гора, кои Соломон, царот Израилев, ѝ ги беше изградил на Аштарта, идол сидонски, и на Хамос, гад моавски, и на Милком, идол амонски, царот ги оскверни;

14и ги искрши спомениците од камен, и ги исече столбовите на Ашера, и го наполни местото нивно со човечки коски.

Обнова на верата во Израил(2 Лет 34,6-7)

15 3 Цар 12,33–13,10 Исто така и жртвеникот што беше во Ветил, и идолското светилиште, из­градено од Наватовиот син Јеровоам, кој беше го навел Израил во грев – и жртвеникот и светилиштето ги разурна, и ги изгоре, ги претвори во прав, и столбот на Ашера го изгоре.

16Јошија погледна и ги виде гробиш­тата што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изго­ре врз жртвеникот и го оскверни, спо­ред словото Господово што го навести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани, (кога Јероваоам стоеше на празникот пред жртвеникот. Потоа се сврте и го виде гробот на Божјиот човек што ги беше претскажал тие настани),

17и Јошија праша: „Каков е тој споменик што го гледам?“ Му одго­во­рија градските жители: „Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова што ти го правиш сега над ветилскиот жртвеник.“

18Тогаш тој рече: „Оставете го на ми­ра, никој да не ги обеспокојува коските негови.“ И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот што беше дошол од Самарија.

19И сите идолски светилишта во са­марјанските градови, што израилските цареви ги беа изградиле, разгневувајќи Го Господа, Јошија ги разруши и направи со нив исто, како што направи во Ветил;

20ги закла сите жреци кај светилиш­тата што беа таму, кај жртвениците, и изгоре врз нив човечки коски, па се вра­ти во Ерусалим.

Народот на Јудеја ја прославува Пасхата(2 Лет 35,1.18-19)

21 2 Мојс 12 Тогаш царот му заповеда на сиот народ и рече: „Празнувајте Му Пасха на Господ, вашиот Бог, како што е на­пишано во таа книга на заветот.“

22Зашто таква Пасха не беше празнувана од дните на судиите, кои му судеа на Израил, и во сите дни на израилските цареви, и на јудејските цареви;

23а таа Пасха на Господ беше празнувана во Ерусалим во осумнаесеттата го­дина на царот Јошија.

Заклучоци за владеењето на Јошија(2 Лет 35,20-27; 36,1)

24 21,6 Јошија исто така ги истреби и по­викувачите на мртви, и маѓепсниците, и вражалците, и идолите, и сите пагански богови што се сретнуваа во јудејската земја и во Ерусалим за да ги исполни зборовите на законот, напишан во книгата што свештеникот Хелкија ја најде во домот Господов.

25Сличен на него немало цар пред него, кој се свртел кон Господ со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него.

26Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасија Го беше разгневил.

27И Господ рече: „И Јуда ќе го отфрлам од лицето Свое, како што го отфрлив Израил, и ќе го отфрлам тој град Ерусалим што го избрав, и домот, за кој бев рекол: ‚Таму ќе биде името Мое.‘“

28Другите работи за Јошија и за сѐ што беше извршил тој, е опишано во летописите на јудејските цареви.

29Во неговите дни египетскиот цар, фараонот Нехо, тргна против асирски­от цар кон реката Еуфрат. Царот Јоши­ја му излезе во пресрет, а оној, штом го виде, го уби во Мегидо.

309,28Слугите негови го кренаа мртов од Мегидо, го пренесоа во Ерусалим и го погребаа во гробницата негова, и народот на земјата го зеде Јошиевиот син Јоахаз, го помазаа и го прогласија за цар наместо неговиот татко.

Јоахаз, цар на Јудеја(2 Лет 36,2-4)

31Јоахаз беше на дваесет и три години, кога стана цар, и царуваше три ме­сеци во Ерусалим; мајка му се викаше Хамутал, ќерка на Еремија, од Ливна.

32Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ она­ка, како што правеа татковците негови.

33Фараонот Нехо го задржа во Ривла, во земјата Хамат за да не царува во Ерусалим, и наложи данок на земјата сто кикари сребро и еден кикар злато.

34Ер 22,10-12И фараонот Нехо го направи цар Јошиевиот син Елијаким, место татко му Јошија, и му го промени името на Јоаким, а Јоахаз го зеде и го одведе во Египет, каде што и умре.

35Јоаким му даваше на фараонот среб­ро и злато; тој ја оцени земјата за да го внесува среброто по заповед на фара­онот; тој бараше од секого од наро­дот на земјата, според оценката негова, сребро и злато за да му дава на фара­онот Нехо.

Јоаким, цар на Јудеја(2 Лет 36,5-8)

36 Ер 22,18-19; 25,1; 26,1; 35,1; 36,1 Јоаким беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим; мајка му се викаше Зевуда, ќерка на Федаја, од Рума.

37И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, во сѐ она­ка, како што го правеа предците негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help