1Осија, синот на Ила, стана цар во Самарија над Израил во дванаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Ахаз и царуваше девет години,
2а го вршеше она што не беше правилно пред очите на Господ, но не така, како израилските цареви што беа пред него.
3Против него се крена асирскиот цар Салманасар, и Осија му стана потчинет, та му даваше данок.
4Асирскиот цар забележа кај Осија заговор, зашто тој беше испратил пратеници кај египетскиот цар Со и не му даваше данок на асирскиот цар секоја година; тогаш асирскиот цар го зеде под стража и го затвори во темница.
5И се крена асирскиот цар против целата земја, се приближи до Самарија и ја држеше под опсада три години.
615,29; 5 Мојс 28,36; Ос 9,3; Амос 5,27Во деветтата година од владеењето на Осија, асирскиот цар ја презеде Самарија, ги пресели Израилците во Асирија и ги насели во Халах и покрај реката Хавор во Гозан, и во градовите мидиски.
Причини за рушење на израилското царство7 2 Мојс 32,4.8; 3 Мојс 11,45; 5 Мојс 20,1; Ис.Н. 24,14-24; Суд 2,1; 6,8; 1 Цар 8,8; 10,18; 12,6; 2 Цар 12,28; Ер 2,6; 11,7; 16,14; 23,7; Амос 2,10; 3,1; 8,7; Мих 6,4; Пс 80,10 Но тоа дојде, затоа што Израилевите синови почнаа да грешат пред Господ, својот Бог, Кој ги изведе од египетската земја, од раката на египетскиот цар – фараонот, и почнаа да почитуваат други богови,
83 Мојс 18,3и да постапуваат според обичаите на народите, кои Господ ги беше избркал пред лицето на Израилевите синови, и според обичаите на израилските цареви, како што тие постапуваа.
9А почнаа Израилевите синови да прават лоши работи пред Господ, својот Бог, си подигнаа идолски светилишта по сите свои населби, и тоа, почнувајќи од стражарската кула, па сѐ до утврдените градови.
105 Мојс 12,2И си поставија идоли и светилишта на секој повисок рид и под секое зелено дрво,
11и кадеа таму по сите идолски светилишта, како народите што ги беше избркал од нив Господ, и правеа лоши работи што Го разгневуваа Господа,
12и им служеа на идолите, за кои им беше говорел Господ: „Не правете го тоа!“
13Ер 18,11; Ез 33,11Тогаш Господ преку сите Свои пророци, преку секој гледач го опоменуваше Израил и Јуда, велејќи: „Вратете се од лошите патишта и пазете ги заповедите Мои, наредбите Мои, целиот закон што сум им го наложил на татковците ваши, и што сум ви го предал преку слугите Мои, пророците.“
14Но тие не послушаа и останаа тврдоглави, какви што беа и нивните татковци, кои не веруваа во Господ, својот Бог;
1513,23; 5 Мојс 29,26тие ги презреа наредбите Негови и заветот Негов што Тој го беше склучил со нивните татковци, и откровенијата Негови, со кои им беше посведочил, па тргнаа по патот на празноверието, – и самите станаа празноверни, како што и околните народи, за кои Господ им беше заповедал да не постапуваат како нив.
16Тие ги отфрлија сите заповеди на Господ, својот Бог, си направија излеани идоли на две телиња, си направија и столбови на Ашера, и се поклонуваа на сета небесна војска, му служеа и на Ваал,
17ги пренесуваа преку оган синовите свои и ќерките свои, се оддадоа на гатање и магии и правеа зло пред очите на Господ, и Го разгневуваа.
18Затоа Господ силно се разгневи на Израилците и ги отфрли од лицето Свое, така што остана само едно Јудино племе.
19Но и Јуда не внимаваше на заповедите на Господ, неговиот Бог, и постапуваше според обичаите на Израилците, како што постапуваа тие.
20И Господ се одврати од сите потомци на Израил, ги понизи и ги предаваше во рацете на ограбувачите и, најпосле, ги отфрли од лицето Свое.
213 Цар 12,26-33Израилците се беа отцепиле од Давидовиот дом и го беа зацариле Наватовиот син Јеровоам. Јеровоам ги оттргна од Господ и ги наведе на голем грев.
22И синовите Израилеви одеа во сите гревови на Јеровоам, какви што тој ги правеше, и не отстапуваа од нив,
23додека Господ не го отфрли Израил од лицето Свое, како што беше говорел преку сите слуги Свои, пророците. И Израил беше преселен од земјата своја во Асирија, каде што е и до денес.
Потеклото на Самарјаните24 15,29 Асирскиот цар доведе луѓе од Вавилон, и од Кута, и од Ава, и од Хамат и од Сефарваим и ги насели во самарјанските градови, место Израилевите синови. И тие ја запоседнаа Самарија и почнаа да живеат во градовите нејзини.
25И бидејќи во почетокот, кога се населија таму, тие не Го почитуваа Господа, тогаш Господ им испраќаше лавови што ги давеа.
26Му јавија на асирскиот цар и рекоа: „Народите што си ги преселил и населил во самарјанските градови, не го знаат законот на Бога од таа земја, и затоа Тој им испраќа лавови, и ете, тие ги дават, зашто не го знаат законот на Бога од онаа земја.“
27И асирскиот цар заповеда и рече: „Испратете таму еден од свештениците што ги иселивте оттаму; нека оди и нека живее таму, и тој ќе ги просвети во законот на Бога на онаа земја.“
28И дојде еден од оние свештеници што беа преселени од Самарија, и живееше во Ветил, и ги учеше, како да Го почитуваат Господа.
29Но секој народ си направи и свои богови и ги постави во идолските светилишта по височините, кои си ги направија жителите од Самарија, секој народ во градовите свои, каде што живееше.
30Вавилонците направија Сукот-Бенот, жителите на Кута-Нергал, жителите на Хамат-Ашима,
31Авијците на Нивхаз и Тартак, а Сефарваимците ги изгореа во оган синовите свои во чест на Адрамелех и Анамелех, богови на Сефарваим.
32Меѓутоа, Го почитуваа и Господа и поставија од средината своја свештеници по нивните светилишта, и тие вршеа служба во нив.
33Тие Го почитуваа Господа, но на боговите свои им служеа според обичајот на народите, од чија средина ги преселија.
341 Мојс 32,28; 35,10; 3 Цар 18,31Тие постапуваат и до денес според обичаите свои: не се плашат од Господ и не постапуваат по одредбите, ни по обичаите, ни по законот и ни по заповедите што Господ им ги даде на синовите на Јаков, кому му го даде името Израил.
35Господ склучи со нив завет и им заповеда, велејќи: „Не почитувајте други богови и не им се поклонувајте, немојте да им служите и не принесувајте им жртви,
365 Мојс 9,29; Ер 27,5; 32,17а Господ, Кој ве изведе од египетската земја со голема сила и цврста рака, Него почитувајте Го, Нему поклонувајте Му се и Нему принесувајте Му жртви;
37одредбите и наредбите, законот и заповедите што Тој ги напиша за вас, трудете се да ги исполнувате преку сите дни, и не почитувајте други богови;
38не го заборавајте заветот што го склучив со вас, и не плашете се од други богови;
39почитувајте Го само Господа, вашиот Бог, и Тој ќе ве спаси од рацете на сите ваши непријатели.“
40Но тие не послушаа, туку постапуваа според поранешните свои обичаи.
41А имаше народи што Го почитуваа Господа, но и на своите идоли им служеа. Па и децата нивни и внуците нивни до денес постапуваат така, како што постапуваа нивните предци.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.