1 Ис 58,12; Ер 31,38; Зах 14,10; 1 Езд 10,24; Јн 5,2 И стана Елијашив, првосвештеникот, и браќата негови – свештениците, и ги изградија Овчите Порти: ги ставија вратите нивни и ги осветија и продолжија да ѕидаат од Кулата на Стотината до Кулата на Хананел.
2До нив градеа ерихонците, а веднаш до нив ѕидаше Закур, син на Имриј.
32 Лет 33,14Рибната Порта ја изградија жителите на Сенаа: тие ја покрија и ги ставија крилата нејзини, клучалниците нејзини и резињата нејзини.
4До нив Меремот, син на Урија и внук на Хакоц, го поправаше ѕидот; до нив Мешулам, син на Варахија, син Мешезавелов; до нив поправаше Садок, синот на Баана.
5До нив поправаа текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ.
612,39Старите порти ги поправаа Јојада, син на Пасеах, и Мешулам, син на Бесодија. Тие ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
7До нив поправаше Мелатија, Гаваонец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и на Мицпа, кои му беа потчинети на управителот на областа зад Реката.
812,18До него поправаше Узиил, син на Хархаја, златар, а до него поправаше Ананија, син Харакахимов. Тие го обновија Ерусалим до Широкиот ѕид.
9До нив поправаше Рефаја, син Оров, началник на половината од ерусалимскиот округ.
10До нив, токму наспроти куќата своја, поправаше Једаја, син на Харумаф, а до него поправаше Хатуш, син на Хашавнеја.
11Другиот дел го поправаше Малкија, син на Харим, и Хашув, син на Пахат-Моав; тие го поправаа ѕидот сѐ до Кулата на Печките.
12До нив поправаше Селум, син на Халохеш, началник на ерусалимскиот полуокруг, – тој и ќерките негови.
13Долинските Порти ги поправаше Анон, и жителите на Заноах: тие ги изградија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни: тие уште поправаа и илјада лакти од ѕидот до Гноишните Порти.
14Ер 6,1А Гноишните Порти ги поправаше Малкија, Рихавов син, началник на округот на Бет-Керем: тој ги изгради и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
15Ис 8,6; Јн 9,7Изворните Порти ги поправаше Шалун, син на Кол-Хозе, началник на округот Мицпа; тој ги изгради, ги покри и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни; тој го поправаше и ѕидот кај базенот Сала, спроти царската градина, и кај скалите што слегуваа од Давидовиот град.
16Дела 2,29По него поправаше Неемија, син на Азбук, началник на половина од округот на Бет-Цур, до Давидовите гробници и до ископаното езеро и до куќата на храбрите.
17По нив поправаа левитите, раководени од Рехум, син на Ваниј; до него поправаше, за својот округ, Хашавија, началник на половина од округот на Кеила.
18По нив поправаа браќата нивни: Бинуј, Хенададов син, началник на половина од кеилскиот округ.
19А до него поправаше Езер, син на Јешуа, началник на Мицпа, на вториот дел, спроти излезот кон оружницата, на аголот.
20По него ревносно поправаше Варух, син на Закај, на вториот дел, од аголот до куќната врата на Елијашив, првосвештеникот.
21По него поправаше Меремот, син на Урија, син Хакоцов, на вториот дел, од куќната врата на Елијашив до крајот на Елијашивовата куќа.
22Понатаму работеа свештениците од околината.
23Понатаму работеа Венијамин и Хашув, спроти својата куќа; по нив поправаше Азарија, син на Маасеја, Ананиев син, до куќата своја.
24По него поправаше Бинуј, син на Хенадад, на вториот дел, од Азариевата куќа до аголот и свиокот.
25Палал, синот на Узај, работеше спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затворскиот двор. По него Федаја, Парошов син.
267,46; 2 Лет 33,14А храмовите прислужници, што живееја во Офел, поправаа спроти Водните Порти кон исток и до издадената кула.
27По нив поправаа текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офелскиот ѕид.
284 Цар 11,16Од Коњските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти својата куќа.
29По нив поправаше Садок, синот на Имер, спроти својата куќа; понатаму работеше Шемаја, син на Шеханија, чувар на Источните Порти.
30По него поправаше Ананија, Шелемиев син, и Анон, шестиот син на Цалаф, на вториот дел. По нив поправаше Мешулам, Варахиев син, спроти собата своја.
31По него поправаше Малкија, Хацорфиев син, до куќата на храмовите прислужници и трговците, спроти Мифкадските Порти дури до стражарницата кај аголот на ѕидот.
32Јн 5,2А меѓу стражарницата и Овчите Порти поправаа златари и трговци.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.