Еремија 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Порака преку глинена стомна

1Вака рече Господ: оди, купи глинена стомна откај грнчарот; по­веди ги со себе најстарите од народот и свештеничките старешини.

2Па излези во долината на синовите Хиномови, која се наоѓа пред Ис­точ­на­та Порта, и објави ги таму зборовите, што ќе ти ги кажам,

3и кажи: цареви јудејски и жители ерусалимски, чујте го словото Госпо­до­во! Вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев – еве, Јас ќе испратам врз ова мес­то зло, и кој ќе чуе за тоа, ќе му пиштат ушите,

47,6.31; 22,3; Пс 105,38; 4 Цар 16,3зашто Ме оставија и туѓо го напра­ви­ја ова место, па кадат во него на туѓи богови, кои не ги познавале ни тие, ниту татковците нивни, а ни јудејските цареви; го исполнија ова место со невина крв,

5и му подигнаа светилиште на Ваал, за да ги горат синовите свои со оган ка­ко сепаленица за Ваал, што Јас не сум ја заповедал, не сум зборувал и што на ум не Ми доаѓало.

67,32Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ова место нема веќе да се наречува Товет, односно долина на синовите Хи­номови, туку Крвна Долина.

7Ис 19,3; 3 Мојс 26,17И ќе ги осуетам намерите на Јуда и на Ерусалим во ова место и ќе дозволам да паднат од меч пред очите на неприја­телите нивни и од раката на оние, што ја бараат душата нивна, и труповите нивни ќе им ги дадам како храна на птиците небески и на ѕверовите земни.

849,17И ќе го направам овој град за ужас и поруга; и секој, што ќе минува низ него, ќе се чуди и ќе си потсвирнува, гледајќи ги многуте рани негови.

93 Мојс 26,29; 4 Цар 6,29; Ез 5,10; Варух 2,3И ќе ги нахранам со телата на си­но­вите нивни и со телата на ќерките нив­ни; и секој ќе го јаде телото на својот ближен кога ќе се наоѓа под опсада и во тесно, кога ќе ги притискаат неприја­те­лите нивни и оние, што ја бараат ду­ша­та нивна.

10Па скрши ја стомната пред очите на луѓето, кои ќе дојдат со тебе,

11Ис 30,14; Плач 4,2и кажи им: вака вели Господ Саваот – така ќе го разбијам тој народ и тој град, како што е скршен овој грнчарски сад, кој веќе не може да стане цел, и ќе ги погребуваат во Товет, поради нема­ње место за погребување.

12Така ќе постапам со тоа место, вели Господ, и со неговите жители; и тој град ќе го направам сличен на Товет.

131,16; 32,29; 44,17-19А куќите на Ерусалим и куќите на царевите јудејски – ќе бидат нечисти ка­ко местото Товет: зашто врз покривите на сите куќи кадеа на целата војска не­бесна и извршуваа преливи на туѓи бо­гови.

Еремија зборува во дворот на храмот

14Тогаш дојде Еремија од Товет, каде што го беше испратил Господ да пророкува, и застана во дворот на домот Господов и му рече на сиот народ:

157,26; 5 Мојс 10,16; Дела 7,51вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев – еве, ќе испратам врз овој град и врз сите нивни градови секакво зло, што го изреков против него, бидејќи тие се тврдоглави и не ги слушаат зборо­ви­те Мои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help