3 Царства 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Последните Давидови пораки

1Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соло­мон, велејќи:

2Ис.Н. 23,14„Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек,

35 Мојс 8,6и чувај го заветот на Господ, твојот Бог, одејќи по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и запо­ведите Негови, судовите Негови и зако­ните Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон за да бидеш благоразумен во сѐ што и да правиш и насе­каде, каде и да се свртиш,

42 Цар 7,12-16та Господ да го исполни зборот Свој што го беше кажал за мене, велејќи: ‚Ако твоите синови ги чуваат патиш­тата свои за да одат пред Мене во вис­тината од сѐ срце и од сета душа, нема да не­достига човек од тебе на Изра­илевиот престол.‘

5Но ти знаеш што ми направи Саруе­виот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израилската војска, со Ни­ровиот син Авенир и со Јетеровиот син Амаса, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во војна, и со борбена крв го искрвави појасот на крстот свој и обувките на нозете свои;

6а ти постапувај според својата муд­рост, и не оставај го да умре спокојно од старост.

718,19; 2 Цар 9,10-13; 4 Цар 25,29-30А на синовите од галаадчанецот Верзелиј направи им милост, и нека бидат меѓу оние што се хранат на твојата трпеза, бидејќи ми излегоа во пресрет, кога бегав од братот твој Авесалом.

82 Цар 16,5-8Ете, со тебе е и Семеј, синот на Венијаминецот Гера од Бахурим; тој ме колнеше со тешки клетви, во денот кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет кај Јордан, и јас Му се заколнав во Господ, велејќи: нема да те погубам со меч.

92 Цар 19,17-22Но ти не го оставај неказнет, би­дејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него за да ја симнеш неговата седа глава окрвавена во пеколот.“

Давид умира. Соломон го наследува(1 Лет 29,26-28)

10И потоа Давид почина кај татков­ците свои и беше погребан во Давидо­виот град.

112 Цар 5,4-5; 1 Лет 3,4А Давид царуваше над Израил че­тириесет години: во Хеврон царуваше седум години и во Ерусалим царуваше триесет и три години.

12Тогаш Соломон седна на престолот на татко си Давид, и царството негово се зацврсти многу.

Соломон се ослободува од Адонија

13А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Витсавеја, Соломоновата мајка (и ѝ се поклони). Таа го праша: „Со мир ли си дојден?“ Тој одговори: „Со мир.“

14И тој рече: „Имам нешто да ти кажам.“ Таа му рече: „Кажувај.“

151 Мојс 4,5; 25,23; 1 Цар 16,6-13; Рим 9,13Тогаш тој продолжи: „Ти знаеш дека царството ми се паѓаше мене, и сиот Израил ги свртуваше погледите кон мене, како кон иден цар; но цар­ството отиде од мене и се падна на братот мој, бидејќи тоа беше од Господ.

16Сега те молам за едно: не ми от­кажувај.“ Таа му рече: „Говори.“

17И тој пак продолжи: „Те молам проговори му на царот Соломон, би­дејќи тој нема да ти откаже, да ми ја да­де за жена Сунамитката Авишага.“

18Витсавеја одговори: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе.“

1915,13; Ер 13,18; Пс 44,9; 110,1И Витсавеја влезе кај царот Со­ломон да му говори за Адонија. Царот стана пред неа, ѝ се поклони и седна на престолот свој. Поставија престол и за царевата мајка, и таа седна десно од него;

20и рече: „Имам една молба кон тебе, не ми откажувај.“ А царот ѝ одговори: „Барај, мајко, нема да ти откажам.“

21Таа рече: „Дај му ја Сунамитката Авишага за жена на братот твој Адонија.“

22Тогаш царот Соломон одговори и ѝ рече на мајка си: „А зошто ја бараш Сунамитката Авишага за Адонија? По­барај го за него и царството, бидејќи тој ми е поголем брат, а откај него се и свештеникот Авијатар и Саруевиот син Јоав (началник на војската и другар).“

23И царот Соломон се заколна во Гос­под, велејќи: „Нека ми испрати Господ голема казна и уште повеќе да ми до­даде, ако Адонија не ги кажал тие збо­рови по цена на душата своја.

24А сега – се колнам во Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давид и Кој ми основа дом, како што беше говорел Тој, – сега Адонија треба да умре.“

251 Цар 22,20-23; 2 Цар 15,24-29И царот Соломон го испрати Јехо­јадаевиот син Ванеја, кој го удри и тој умре.

Соломон го протерува Авијатар од Ерусалим

26На свештеникот Авијатар царот му рече: „Оди си во Анатот на нивата своја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејќи си го носел ков­чегот на Господ Бог пред татко ми Да­вид, и си трпел сѐ што трпел и татко ми.“

27И Соломон го отстрани Авијатар од Господовото свештенство, и се ис­полни словото на Господ што го беше кажал за домот на Илиј во Силом.

Соломон се ослободува од Јоав

28Дојде глас за тоа до Јоав, – бидејќи Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломон, – и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот.

29Му соопштија на цар Соломон дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го ис­прати Јехојадаевиот син Ванеја, ве­лејќи: „Оди, убиј го (и погреби го).“

30Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоав: „Вака кажа царот: излегувај.“ А тој одговори: „Не, јас са­кам тука да умрам.“ Ванеја му го сооп­шти тоа на царот, велејќи: „Така рече Јоав и така ми одговори.“

31Царот му рече: „Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоав ќе ја изми­еш од мене и од домот на татко ми;

322 Цар 3,26-27; 20,8-10Господ нека ја сврти крвта негова врз неговата глава, поради тоа што уби двајца невини мажи подобри од него: тој го погуби со меч, без знаење на татко ми Давид, Нировиот син Авенир, воен началник израилски, и Јетеровиот син Амаса, воен началник јудејски;

332 Цар 3,29; Пс 7,16; Мт 27,25нека се сврти крвта нивна врз гла­вата на Јоав и врз потомството негово засекогаш, а на Давид, и на потомството негово, и на домот негов, и на прес­толот негов нека биде мир од Господ засекогаш!“

34И отиде Јехојадаевиот син Ванеја, го удри Јоав и го уби; и тој беше погребан на неговиот имот во рамнината.

35Тогаш царот Соломон го постави Јехојадаевиот син Ванеја над војската место него (а управата на царството беше во Ерусалим). Свештеникот Са­док, пак, царот го постави (за прво­свештеник) место Авијатар. а) Господ му даде на Соломон разум, многу голема мудрост и широчина во срцето како песокот крај морето. б) И Соломон се исполни со многу разум, повеќе од разумноста на сите древни синови и по­веќе од сите разумни Египќани. в) Тој си ја зеде за жена фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека го изгради домот свој и, пред сѐ, домот Господов и ѕидовите околу Ерусалим; по седум години тој ја заврши градбата. г) Соломон имаше седумдесет илјади мажи што го пренесуваа товарот и осумдесет илјади каменоделци во пла­нините. д) И Соломон направи море и потпирки, големи бањи и столбови, извор во дворецот и бакарно море, ѓ) изгради кула и тврдини нејзини и го раздели Давидовиот град. Тогаш фарао­новата ќерка мина од Давидовиот град во својот дом што тој ѝ го изгради; потоа Соломон изгради ѕидови околу градот. е) Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и жртви за помирување на жртвеникот, што Му го изгради на Господ, и каде што кадеше пред Господ и ја заврши градбата на домот. ж) Главните распоредувачи на Соломоновите работи беа три илјади и шестотини, и тие управуваа со народот што ги извршуваше работите. з) Тој го изгради Асур и Магдон, Гавер, Горни Ветерон и Валалат; ѕ) но тие градови тој ги изгради, откако го беше изградил Господовиот дом и ѕидовите околу Ерусалим. и) Уште додека беше жив, Давид му заповеда на Соломон, велејќи: „Ете, кај тебе е Семеј, синот на Гера, Јеминиев син од Хеврон; ј) тој ме кол­неше со тешки клетви, кога одев во Маханаим; к) но тој ми излезе во пресрет кај Јордан, и јас му се заколнав во Господ, велејќи: нема да те погубам со меч; л) но ти не оставај го неказнет, бидејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него за да ја симнеш неговата седа глава раскрвавена во пеколот.“

Соломон се ослободува од Семеј

36Царот испрати, та го повика Семеј и му рече: „Изгради си дом во Еруса­лим и живеј тука и никаде не излегувај оттука;

37и знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе го минеш потокот Кедрон, бездруго ќе умреш; крвта твоја ќе ти биде врз твојата глава.“

38А Семеј му рече на царот: „Добро, како што заповеда мојот цар господар, така ќе направи твојот слуга.“ И Семеј живееше во Ерусалим тие години.

391 Цар 21,10; 27,2-3Но по три години се случи, двајца од Семеиевите слуги избегаа кај гат­скиот цар Анхус, Мааховиот син. И му јавија на Семеј, велејќи: „Ете, твоите слуги се во Гет.“

40Семеј стана, го оседла магарето и тргна за Гет кај Анхус да ги бара слу­гите свои. Семеј се врати и ги доведе своите слуги од Гет.

41И го известија Соломон дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил.

42Тогаш царот испрати да го по­викаат Семеј и му рече: „Нели ти се заколнав во Господ и нели ти соопштив, велејќи: знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе отидеш некаде, бездруго ќе умреш? И ти ми одговори: добро.

43Па зошто не ја запази заповедта што ти ја дадов пред Господ со клетва?“

44Уште му рече на Семеј царот: „Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло што си му го направил на татко ми Давид. Туку Господ нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава!

45А цар Соломон да биде благословен и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господ засекогаш!“

46И царот му заповеда на Јехо­јадаевиот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеј, и тој умре.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help