1 1 Мојс 21,21 Потоа народот тргна од Хацерот и се улогори во пустината Фаран.
2И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
33 Мојс 14,34; Ис.Н. 1,3„Испрати од себе луѓе да ја разгледаат хананската земја, што Јас им ја давам на синовите израилски во владение: по еден човек од секое колено на предците нивни испратете – првенците меѓу нив!“
4Тогаш Мојсеј ги испрати од пустината Фаран, по заповед Господова, и тие сите беа мажи, старешини на синовите израилски.
5Еве ги имињата нивни: од Рувимовото колено – Шамуа, Закуровиот син;
6од Симеоновото – Сафат, Хориевиот син;
7од Јудиното колено – Халев, Јефунеовиот син;
8од Исахаровото колено – Јигал, Јосифовиот син;
9од Ефремовото колено – Осија, Навиновиот син;
10од Венијаминовото – Палтиј, Рафуовиот син;
11од Завулоновото колено – Гадиел, Содиевиот син;
12од Јосифовото колено на синовите Манасиини – Гадиј, Сусиевиот син;
13од Дановото колено – Амиел, синот на Гемалиј;
14од Асировото колено – Сетур, Михаиловиот син;
15од Нефталимовото колено – Нахбиј, Вафсиевиот син;
16од Гадовото колено – Геуел, Махиевиот син.
175 Мојс 32,44; Ис.Н. 1,1-5Тоа се имињата на мажите, што ги испрати Мојсеј да ја разгледаат земјата. И го нарече Мојсеј Осија, Навиновиот син, Исус.
181 Мојс 12,9; Ис.Н. 14,7Ги испрати Мојсеј (од пустината Фаран) да ја разгледаат хананската земја и им рече: „Одете во онаа пустина и качете се на планината,
19и погледајте ја земјата каква е, и народот, што живее таму: силен ли е или е слаб, малуброен ли е или е многуброен;
20и каква е земјата, каде што живее тој, добра ли е или лоша; и какви се градовите, во кои живее, – оградени ли се или не.
21Каква е земјата, плодна ли е или не, има ли на неа дрвја или нема? Бидете храбри, па земете од плодовите на земјата.“ А тоа беше во времето кога зрее грозјето.
22Ис.Н. 15,1; 1 Лет 13,5Тие отидоа и ја разгледаа земјата од пустината Син дури до Рехов, близу до Емат;
231 Мојс 13,18; 23,19; Ис.Н. 15,14; Суд 1,10; Ез 30,14и одејќи по пустината, тие стигнаа до Хеврон, каде што живееја Ахиман, Шешај, и Талмај, од родот на Анак; а Хеврон беше изграден седум години порано од египетскиот град Цоан;
241 Мојс 3,7; 2 Мојс 28,33; 5 Мојс 1,24-25; 8,8; 4 Цар 18,31и дојдоа до долината Ешкол (и ја разгледаа), и таму пресекоа прачка со еден грозд, и обајца ја понесоа на стап; зедоа и калинки и смокви;
25тие го нарекоа тоа место Лозова долина (долина Ешкол), поради гроздот што го пресекоа таму синовите израилски.
Одговорот на Мојсеевите извидници26И откако ја разгледаа земјата, се вратија по четириесет дена.
271 Мојс 14,6.7И кога пристигнаа и дојдоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество на синовите израилски во пустината Фаран, во Кадис, тие му донесоа таму и на целиот народ одговор, и им ги покажаа плодовите од онаа земја;
282 Мојс 3,8; Ер 2,7и му раскажаа и рекоа: „Бевме во земјата, во која нѐ испрати; во неа навистина тече мед и млеко, и еве ги плодовите нејзини;
29Ис.Н. 13,27но народот, кој живее во таа земја, е силен, и градовите се укрепени и многу големи; таму ги видовме и потомците на родот Анаков.
301 Мојс 10,15; 14,7; 2 Мојс 3,17; 3 Цар 9,20Амалик живее во јужниот дел на земјата, а Хитијците, (Евејците), Јевусијците и Аморејците живеат по планината; Хананците, пак, живеат крај морето и по брегот на Јордан.“
31Но Халев го успокојуваше народот пред Мојсеј, велејќи: „Да појдеме и да ја преземеме, зашто можеме да ја покориме!“
32А оние, што беа оделе заедно со него, рекоа: „Не можеме да одиме против тој народ, зашто е посилен од нас.“
335 Мојс 1,28; Ез 36,13; Амос 2,9И протурија ужасни гласови меѓу синовите израилски за земјата, што ја беа разгледале и велеа: „Земјата што ја изодивме, за да ја разгледаме, е земја, која ги голта своите жители, и сите, што ги видовме на неа, се многу поголеми.
341 Мојс 6,4; 5 Мојс 1,28; Ис.Н. 11,22; 14,12; Ис 40,22; Проп 12,5И таму видовме огромни луѓе од потомците на родот Анаков; ние изгледавме пред нив како скакулци; такви бевме и во нивните очи.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.