1 Коринтјаните Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведЗа време на своето второ мисионерско патување, Павле поминува осумнаесет месеци во грчкиот град Коринт. Црквата што таму ја основал и ја зел под своја закрила, во своите редови има голем број од старите незнабошци, кои доаѓаат од на скромни средини.Благодарение на своите две пристаништа, Коринт бележи сестран подем: расцут на трговијата, интензивен културен живот, активни филозофски и религиозни движења. Па сепак, таму има и голем неморал. Младата христијанска заедница, изложена на такви видови влијанија, секако дека предизвикува сериозна загриженост кај апостолот.Пред своето заминување, Павле добива во неколку наврати вознемирувачки известувања кои се однесуваат на оваа заедница. Би требало да се истакне дека апостолот напишал до оваа заедница најмалку четири посланија, двете што се зачувани во Новиот завет и оние, на кои тој се повикува неколкупати во 1 Кор 5,9-13 и во 2 Кор 3,7-8. Двете посланија што се преостанати биле пишувани во текот на третото мисионерско патување на апостолот, првото од Ефес (види 1 Кор 16,18), а второто или од Ефес, или од Македонија.Во Првото послание до Коринтјаните, по поздравот и молитвата за благодарност (1,1-9), Павле ги повикува своите соговорници да ги надминат меѓусебните поделби, да го изгонат развратот надвор од заедницата (5) и да престанат да ги потчинуваат своите расправии на народните судови (6,1-11). Тој прецизира како треба да го користат телото (6,12-20), по што одговара на разни прашања поставени од неговите соговорници:За бракот (7),консумирањето на месо од жртвите принесени на идолите (8,1–11,1),христијанските собири и почитта кон Господ (11,2-34),даровите на Светиот Дух (12–14), воскресението на мртвите (15).Посланието завршува со неколку известувања, за тековното собирање на дарови, плановите на апостолот, и др., како и лични поздрави (16).За сите проблеми во животот, апостолот се изразува со подеднакво мора­лис­тички тон. Тој покажува како верата во Христос допушта тие да се решат. Братската љубов е овде највозвишениот пат во однос на сите други (13).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help