Јов 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Второ искушение на Јов

1 1,6-8 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господ; со нив дојде и ѓаволот да застане пред Господ.

2И му рече Господ на ѓаволот: „Од каде дојде?“ Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Одев по земјата и ја обиколив.“

32,9; 10,8; Пс 25,1Тогаш му рече Господ на ѓаволот: „Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема друг како него: човек непорочен, праведен, бого­бојазлив и кој го одбегнува злото, и сѐ уште цврсто се држи во својата не­по­рочност; а ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина.“

4Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има;

5но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, – ќе Те благослови ли и тогаш?“

638,11; Лк 22,31И му рече Господ на ѓаволот: „Ете, тој е во твоја рака; само душата не земај му ја.“

75 Мојс 28,35Си отиде ѓаволот од лицето Гос­по­дово и го порази Јов со лута рана – од стапалките на нозете негови до самото теме негово.

83 Цар 21,13; Ис 58,5; Ест 4,3; Дан 9,3; Тов 2,14И си зеде Јов тогаш цреп за да се че­ша со него, и седеше на ѓубриштето (надвор од градот).

9Откако измина многу време неговата жена му рече: „До кога ќе трпиш?

Ете јас ќе почекам уште малку со на­деж дека ќе се избавам.

Еве излезе од земјата твојот спомен, твоите синови и ќерки, болките и стенкањата на мојата утроба, кои залудно ги поднесував со мака.

А и ти самиот седиш во гни­леж ­на смрдеа од црви, минувајќи ја ноќта без покрив.

Јас, пак, скитам и измеќа­рувам од едно место до друго, и од куќа до куќа, чекајќи да зајде сонцето, па да си починам од маките и болките што сега ме мачат.

Па кажи веќе некој збор кон Господ и умри!“

10Но тој (ја погледна и) ѝ рече: „Гово­риш како безумна. Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го под­не­суваме?“ – При сето тоа (што го снај­де) Јов не згреши со устата своја.

Доаѓање на тројцата пријатели на Јов

11Слушнаа тројцата пријатели Јовови за сите тие зла што го беа снашле, па тргнаа секој од своето место: Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Но­ема; се состанаа, за да одат да тагуваат заедно со него и да го утешуваат.

12Ис 52,14; Ез 27,30И кога ги кренаа очите оддалеку, тие не го познаа; па викнаа со силен глас, та заплакаа; секој ја раскина својата горна облека и се посипаа со земја врз главите свои.

13И седеа со него на земјата седум де­на и седум ноќи: никој ни збор не му про­говори, бидејќи гледаа дека стра­да­њето му беше многу големо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help