1 5 Мојс 11,14; 28,12; Ер 5,24; Ос 6,3; Пс 134,7 Молете Го Господа за дожд во време пролетно; Господ ќе светне со молскавица и ќе ви даде обилен дожд – зеленило во поле.
21 Цар 15,23; Ер 50,6; Ез 34,5; Мт 9,36Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат зашто немаат пастир.
3Ез 34,2.10; Соф 2,7; Пс 77,52Против пастирите се распали гневот Мој, водачите ќе ги казнам; да, Господ Саваот ќе се погрижи за стадото Свое, домот Јудин, и ќе го подготви како силен коњ за бој.
4Суд 20,2; Пс 117,22Од него ќе направи аголен камен, од него – шаторски клин, од него лак за бој, од него ќе излезат сите водачи на народот.
5Мих 7,10И тие ќе бидат како јунаци што ги газат непријателите како улична кал, и ќе се борат, бидејќи Господ е со нив, и ќе ги посрамат јавачите на коњи.
610,12; 12,5; Ис 14,1; 41,17; Ос 2,23; Тов 13,5Ќе го зацврстам домот Јудин и ќе го спасам домот Јосифов, и ќе ги вратам, зашто Јас се смилив над нив, и тие ќе бидат како да не сум ги оставил: зашто Јас сум нивниот Господ Бог, и ќе ги чујам.
7Ер 30,20; Пс 103,15Ефремовците ќе бидат како јунаци, ќе се развесели срцето нивно како вино да пиеле, па ќе го видат тоа синовите нивни и ќе им се зарадува срцето нивно; во восхит ќе им биде тогаш срцето нивно во Господ.
8Ис 5,26; Ез 36,11Ќе им дадам знак и ќе ги соберам, зашто ги откупив; ќе бидат многубројни како и порано.
95 Мојс 30,1-3; Варух 2,30-32; Лк 15,17Иако ги раселив меѓу народите, сепак во далечни земји тие ќе се сеќаваат на Мене и ќе ги поучуваат децата свои, и ќе се вратат.
10Ис 11,11; 27,13Ќе ги вратам од земјата египетска и од Асирија ќе ги соберам; ќе ги доведам во земјата Галаад и на Ливан, и не ќе има доволно место за нив.
11Ис 10,12; 51,10; Пс 105,9Ќе преминат по морето и ќе ги поразат морските бранови; ќе пресушат сите длабини на Нил, и ќе биде соборена гордоста на Асирија, и скиптарот ќе биде одземен од Египет.
1210,6; 12,5; Мих 4,5Ќе ги зацврстам во Господ, и тие ќе одат во името Негово, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
