1 2 Мојс 28,38; Евр 7,25-28 И му рече Господ на Арон: „Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, ќе го понесете врз себе гревот за немарноста во светилиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ќе го понесете врз себе гревот за неисправноста на свештенодејствието свое.
2Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете при скинијата на собранието;
3и тие нека ти служат на тебе и на целата скинија; само да не се доближуваат до светите садови и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие.
43,10Нека бидат тие при тебе и да служат во скинијата на собранието, вршејќи ја и сета работа во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.
5Така извршувајте ја службата во светилиштето и при жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите на Израил;
61 Езд 2,43-54зашто вашите браќа, левитите, Јас ги зедов од синовите на Израил и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господ, за да служат при скинијата на собранието;
72 Мојс 29,9; Евр 5,4; 9,3.6а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со сѐ што му припаѓа на жртвеникот и што е внатре зад завесата, и служете. Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ќе се доближи, да биде убиен.“
Приходите на свештениците8 3 Мојс 7,7-14; 7,29-36; Ез 44,28-30 И му рече Господ на Арон: „Ете, Јас ти ги поверувам на тебе сите осветени дарови што за Мене ги принесуваат синовите израилски. Тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба.
93 Мојс 6,18-19Еве што ти припаѓа на тебе од свештените жртви, освен она што се изгорува: секој лебен принос, и секоја жртва за грев, и секоја жртва за вина, што тие Ми ја принесуваат. Тоа е голема светиња за тебе и за синовите твои.
10Тоа да го јадете на најсвето место. Секој од машки пол може да го јаде (ти и твоите синови); тоа да ти биде свето.
112 Мојс 29,24-26; 3 Мојс 7,30И ова да биде ваше – од првините што се принесуваат, од сѐ што се вознесува од синовите израилски преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на ќерките твои заедно со тебе; секој чист во куќата твоја може да јаде од тоа.
121 Мојс 4,3; 5 Мојс 26,1-4; Неем 10,36Најдоброто од маслото, најдоброто од виното и од житото – сите нивни првини, што тие Му ги принесуваат на Господ, твои да се;
132 Мојс 29,27и сите првини од плодовите на земјата нивна, што Му ги принесуваат на Господ, твои нека бидат; секој чист од куќата твоја може да го јаде тоа.
142 Мојс 13,11-16; 3 Мојс 27,21; Ис.Н. 6,16-18Сѐ што е ставено под клетва во земјата израилска, да биде твое.
152 Мојс 13,2.13; 34,19-20И сѐ она, што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господ, од луѓе и од добиток, да биде твое. Само првородените од луѓето и од нечистиот добиток да бидат откупувани.
162 Мојс 30,13; 3 Мојс 27,6Кога ќе бидат на возраст од еден месец и нагоре, можат да бидат откупувани. Земај откуп по фиксна цена: пет шекели сребрени, според свештениот шекел, кој има дваесет гери;
172 Мојс 29,13; 3 Мојс 1,9но за првороденото теле, и за првороденото од овците, и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна попрскај го жртвеникот, а лојот изгори го како жртва за благопријатен мирис на Господ;
183 Мојс 7,30а месото нивно, пак, ти припаѓа тебе, како што ти припаѓаат градите за возношение и десната плешка.“
193 Мојс 2,13Сите вознесувани свети дарови кои синовите на Израил Му ги принесуваат на Господ, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на ќерките твои; тоа е завет постојан, вечен пред Господ, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе.
205 Мојс 10,9; 12,12; Ис.Н. 13,33; Ез 44,28И му рече Господ на Арон: „Од земјата нивна ќе немаш наследство и дел нема да имаш меѓу нив, бидејќи Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите на Израил.“
Приходите на левитите21 1 Мојс 28,22; 3 Мојс 27,30-33; 5 Мојс 14,22-29; Мал 3,8; Неем 10,36; Евр 7,5 „А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ, што има Израил, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на собранието.
222 Мојс 28,43И по сево ова синовите израилски да не пристапуваат до скинијата на собранието, за да не згрешат и да не умрат.
235 Мојс 10,9; Ез 44,10Левитите сами нека ја вршат службата во скинијата на собранието и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ваши; но меѓу синовите на Израил тие нема да добиваат дел;
243 Мојс 27,30; 5 Мојс 26,12бидејќи на левитите им го давам како дел десетокот од синовите израилски, што тие го принесуваат за возношение пред Господ, затоа и им реков: меѓу синовите израилски тие нема да наследуваат дел.“
25И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
26Неем 10,37„Кажи им на левитите и речи им: кога го земате од синовите израилски десетокот, што ви го дадов од нив како дел, вознесувајте Му од него возношение на Господ: од десетокот – десеток.
275 Мојс 15,14; 1 Цар 23,1; Рута 3,3.6И тоа ваше возношение ќе ви се прими како жито од гумно и како сок од грозје;
28Мал 3,8така и вие вознесувајте Му возношение на Господ, од сите ваши десетоци, што ги земате од синовите израилски, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свештеникот Арон.
29Од сѐ што ви се дарува, принесувајте Му возношение на Господ, од сѐ што е најдобро и што се осветува.
30И кажи им: кога ќе принесувате најдоброто од тоа, ќе им се смета на левитите како добивка од гумно и како добивка од преса за грозје.
31Лк 10,7; 1 Кор 9,13Можете да го јадете тоа на секое место, вие (вашите синови) и вашите семејства, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на собранието;
323 Мојс 19,8; 22,15и нема да се огрешите ако го принесувате најдоброто од тоа; и нема да ги оскверните светите приноси на синовите израилски, и нема да умрете.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.