1 6,2-6; 1 Мојс 25,22 2 Мојс 3,4 И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, велејќи:
24 Мојс 15,3„Соопшти им на синовите израилски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од добитокот: од крупниот и од ситниот добиток принесувајте жртва.
322,18-20; 1 Мојс 8,20; 2 Мојс 12,5; Мал 1,8; 1 Езд 8,35Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието, за да придобие милост пред Господ.
42 Мојс 29,10.15; 32,30; Ез 45,15И нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и ќе придобие милост за очистување;
52 Мојс 29,11; Пс 49,9; 1 Езд 8,35; Дела 15,20; Евр 12,24; 1 Птр 1,2нека се заколе теле пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрскаат жртвеникот, што е пред влезот од скинијата на собранието, од сите страни;
62 Мојс 29,17потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови.
71 Мојс 22,9А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот.
82 Мојс 29,13Па потоа синовите Аронови, свештениците, нека ги наредат деловите, главата и лојот врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.
92 Мојс 29,18А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господ.
101 Мојс 22,7; 2 Мојс 12,5А ако принесува жртва сепаленица од ситниот добиток, од овци или од кози, нека принесе машко – здраво, без мана (и нека ја положи раката над неговата глава).
112 Мојс 29,11.20Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господ, а синовите Аронови, свештениците, нека го попрскаат жртвеникот со крвта од сите страни.
12И нека се расече на делови, а свештеникот нека ги стави, со главата и лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жртвеникот;
132 Мојс 29,17; 5 Мојс 12,27а внатрешнината и нозете свештеникот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа е жртва – сепаленица, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.
141 Мојс 15,9; Лк 2,24Ако Му принесува на Господ жртва сепаленица од птиците, тогаш нека принесе грлица или млад гулаб;
15свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи ѝ ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот;
164 Мојс 4,13нека ѝ ги извади гушата и перјата и нека ги фрли до жртвеникот од источната страна, каде што е пепелта,
171 Мојс 15,10па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свештеникот потоа нека ја постави на жртвеникот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господ.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.