Изреки 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Зборовите на Агур

1 4,1-2 Зборовите на Агур, син Јакеов; негово пророштво, кажано на Итиел, на Итиел и Укал.

2Навистина, јас сум понеук од кого и да било меѓу луѓето, и во мене нема ра­зум човечки,

3и не се научив на мудрост, и не успе­ав да Го запознаам Сесветиот.

48,22-31

Јн 3,13; Рим 10,6Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрал ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е име­то на синот негов? Знаеш ли?

5Секој збор од Бога е чист; Тој му е штит на оној, што се надева на Него.

6Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец.

715,15За две работи те молам; не ми от­ка­жувај пред да умрам:

8Мт 6,11суетата и лагата оддалечи ги од ме­не, сиромаштија и богатство не ми да­вај, – храни ме со насушниот леб,

9та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: „Кој е Господ“ или, откако ќе осиромашам, да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно.

1021,23Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен.

1120,20Има изроди кои го колнат својот татко и не ја благословуваат својата мајка.

1216,2Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои.

136,17Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките не­го­ви!

141,12Има изроди чии заби се како ме­че­ви, а вилиците нивни се како ножеви, за да ги изедуваат сиромасите по земјата и немоќните меѓу луѓето.

Цифрени изреки

15 27,20 Ненаситноста има две ќерки: „Дај, дај!“ Има три работи ненаситни и че­ти­ри што не велат: „Доволно е.“

16Тоа се: пеколот и утробата неплодна, земјата што не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: „Доста!“

1715,20Око, што му се потсмева на татко си и не сака да се покорува на мајка си, ќе биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено!

185,15-20Три работи се недостижни за мене, и четири што не ги разбирам:

19патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, па­те­ките на бродот среде море и патот на маж кон девица.

20Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата сво­ја, па вели: „ништо лошо не сум напра­ви­ла.“

2119,10; 27,15-16Од три работи се тресе земјата, и четири кои не може да ги поднесе:

22слуга, кога ќе стане цар; безумен, кога до наситување ќе се најаде со храна,

23развратна жена, кога ќе се омажи, и слугинка, кога го зазема местото на господарката своја.

246,6-8Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците:

25мравките – во кои нема сила, но ле­те сепак си ја приготвуваат храната;

26јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;

27скакулците, кои немаат цар, но из­легуваат во војна сите во редови;

28пајакот, кој со раце се лови, но се наоѓа и во царските палати.

2919,12Еве три, кои убаво чекорат, и че­ти­ри, кои свечено настапуваат:

30лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од ни­кого;

31грациозна газела или козел, и цар на чело на својата војска.

3229,22Ако гордоста те тера на безумни де­ла и си намислил зло, стави ја раката на устата своја.

33Зашто, како што кога се бие млеко, се добива масло, и кога ќе се удри но­сот, потечува крв, така и кога се пре­диз­викува гнев, произлегува кавга.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help