Левит 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Некои конкретни примери

1 Изреки 29,24 „А кога некој згреши со тоа што слушнал клетва и така станал сведок, или видел или знаел, па не кажал, тој го носи својот грев.

211,1-47; 4 Мојс 19,22; 5 Мојс 14,8; Ис 6,5; 52,11; Ез 36,17; Агеј 2,13Или, ако некој се допре до нешто нечисто, или до труп на нечисто диво животно, или до труп на нечист доби­ток, или до умрена нечиста влечуга, без да знае за тоа, тој е нечист и виновен;

315,1-15; 4 Мојс 19,11-16; Ез 44,25или ако се допре до некоја нечис­тотија човечка, која било нечистотија негова, со која се осквернува, и не знаел за тоа, но потоа дознае – виновен е.

44 Мојс 30,6.8А ако некој неразумно се заколне со устата своја дека ќе направи нешто ло­шо, или добро, а за која и да било работа, како што го прават тоа луѓето без размислување, а не е свесен за тоа, но потоа кога дознае, виновен ќе биде.

54 Мојс 5,7; Ис.Н. 7,19; 3 Цар 8,47Кога, пак, некој е виновен за некоја од овие работи и ќе го признае гревот свој,

62 Мојс 32,30нека Му принесе на Господ за гре­вот, што го направил – женско од ситниот добиток: овца или коза од стадото свое за гревот; и свештеникот ќе го ослободи од гревот негов.

Жртва за сиромашни

7 1 Мојс 15,9; 4 Мојс 6,10; Лк 2,24 Ако не може да принесе овца, тогаш нека Му принесе на Господ за гревот свој: две грлици или две гулапчиња – едно како жртва за грев, а другото како жртва сепаленица.

8Нека му ги донесе на свештеникот, а тој нека го претстави прво она што е за грев, и нека му го прекрши вратот, но главата да не ја откинува.

92 Мојс 24,6И со крвта од жртвата за грев нека го попрска ѕидот на жртвеникот; а крв­та што ќе остане, нека ја исцеди во подножјето на жртвеникот, бидејќи е тоа жртва за грев.

102 Мојс 32,30А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свештеникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.

111 Мојс 15,9; 2 Мојс 16,36А ако не може да принесе ни две грлици или гулапчиња поради тоа што згрешил, тогаш нека принесе една десе­тина ефа пченично брашно како жртва за грев, и нека не додава кон неа масло, ниту да става темјан, зашто жртвата е за грев.

12И кога ќе го донесе кај свеште­никот, свештеникот нека земе полн грст од него за спомен, и нека го изгори на жртвеникот како жртва на Господ, бидејќи е жртва за грев.

132 Мојс 32,30И така ќе го ослободи свештеникот од гревот негов, со кој згрешил во нешто од ова, и ќе му биде простено; а остатокот ќе биде за свештеникот како принос од пченично брашно.“

Жртва за престап

14Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

157,1-6; 2 Мојс 29,3; 4 Мојс 5,5-8; 1 Цар 6,3; Ис 53,10; 1 Езд 10,19„Ако некој направи престап, па згреши не сакајќи во работите посве­тени на Господ, нека Му принесе дар на Господ за престапот свој овен без недостаток од стадото, по твоја проценка, со определена вредност во сребрени шекели, според свештениот шекел, како жртва за престап.

164 Цар 12,16И така, колку згрешил спрема светата работа, толку нека надомести; и на тоа нека додаде уште една петина, и нека му го даде на свештеникот; а свеш­теникот ќе се помоли над принесениот овен за престапот, и ќе му се прости.

17Кој згреши и направи нешто што Господ забранил да се прави, и ако не знаел, сепак е виновен и го носи својот грев.

18Нека му доведе на свештеникот како жртва за престап здрав овен од стадото, според твоја проценка, а свештеникот нека се помоли за преста­пот, што го направил поради незнаење, и ќе му се прости.

19Тоа е жртва за престап: виновен е пред Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help