1 Ис 51,1-2 А што би можеле да кажеме дека добил нашиот татко по тело Авраам?
22,17Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.
34,9; 1 Мојс 15,6; Гал 3,6-9; Јк 2,20-24Впрочем што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“
411,6; Мт 20,1-16; Лк 17,7-10На оној што работи, платата му следува не по милост, туку по долг.
5Гал 2,16Напротив, оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.
6Така и Давид го нарекува блажен оној човек, кому Бог му смета за праведност независно од делата, велејќи:
7Пс 31,1-2„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;
8блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“
91 Мојс 15,6А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезаните? Бидејќи велиме дека на Авраам верата му се сметаше за праведност.
10Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието.
111 Мојс 17,9-14; Гал 3,7-9И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,
12и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
Божјото ветување се остварува преку верата13 1 Мојс 18,18; 22,15-18; Гал 3,15-16 Впрочем ветувањето кон Авраам или кон семето негово – дека ќе биде наследник на светот – беше дадено не преку Законот, туку преку праведноста на верата.
14Гал 3,18Зашто ако можат да бидат наследници само оние што имаат Закон, тогаш и верата нема никакво значење, и ветувањето е поништено;
153,20; 7,7-13; Гал 3,10.19-22зашто Законот породува гнев; каде што, пак, нема Закон, нема ни престап.
16Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,
171 Мојс 17,5; 5 Мојс 32,39; Јн 15,21; Евр 11,19според напишаното: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и го повикува да суштествува, она што не суштествува.
181 Мојс 15,5; 17,5Авраам, без никаква основа за надеж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето потомство.“
191 Мојс 17,17И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
20и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога,
21Ер 32,17-24; Лк 1,37наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.
224,3; 1 Мојс 15,6Затоа тоа му се сметаше за праведност.
2310,9; 15,4Но, не само за него е напишано дека му се сметаше,
24туку и за нас: ќе ни се смета, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ,
258,32; Ис 53,4-6; 1 Кор 15,17предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.