Судии 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Венијаминовото племе повторно се издига

1 Ис.Н. 9,18 И се заколнаа Израилците во Мицпа, велејќи: „Никој од нас да не ја дава ќерка си на Венијаминовите синови за жена!“

220,23И народот дојде во Божјиот дом, седеа таму до вечерта пред Бога, кренаа голем писок, силно плачеа

3и велеа: „Господи, Боже Израилев, зошто се случи ова во Израил, па сега изчезна едно племе во Израил.“

420,26На другиот ден народот порани, и подигна таму жртвеник и принесоа жртви сепаленици, и жртви за мир.

5И рекоа синовите Израилеви: „Кој уште од сите Израилеви племиња не дошол на собранието пред Господ?“ Зашто голема клетва беше изречена пред оние што не беа дошле пред Гос­под во Мицпа, и беше речено, дека тие ќе бидат предадени на смрт.

6И синовите Израилеви се смилија над братот свој Венијамин и рекоа: „Денес се истреби едно племе од Из­раил;

79,18што да направиме за жени на останатите од нив, кога се заколнавме во Господ дека нема да им ги даваме ќерките свои за жени?“

8И рекоа: „Има ли некое од племињата Израилеви, кое не е дојдено пред Господ во Мицпа?“ И се покажа дека од Јавеш Галаадски никој не дошол на собранието пред Господ.

9Го прегледаа народот, и ете, немаше ни еден од жителите на Јавеш Галаадски.

10И општеството испрати таму два­наесет илјади души, и им дадоа заповед, велејќи: „Одете и поразете ги со меч жителите на Јавеш Галаадски, и же­ните и децата;

114 Мојс 31,17-18; 5 Мојс 20,10.20; 21,10-14и еве што ќе направите: ‚Секој маж и секоја жена што познава машко легло, убијте ги, (а момите оставете ги живи.‘“ Така и направија.)

12И најдоа меѓу жителите на Јавеш Галаадски четиристотини моми што не познале машко легло, и ги доведоа во логорот при Силом, кој е во хананската земја.

1320,45-47; 5 Мојс 2,26Тогаш целото општество испрати луѓе да разговараат со синовите Венија­минови, кои беа кај карпата Римон, и им објавија мир.

14И така Венијаминовите синови се вратија и им дадоа жени што беа ос­танале живи од жените на Јавеш Галаадски; но излезе дека тие не стасуваат.

15А на народот, пак, му беше жал за Венијамин, поради тоа што Господ не ја зачува целината на Израилевите племиња.

16И си рекоа старешините народни: „Што да направиме за жени на другите синови, бидејќи жените кај Венијамин се убиени?“

17И рекоа: „Наследството на Венија­мин нека остане, за да не се сотре едно племе од Израил.

1821,1Но ние не можеме да им дадеме жени од нашите ќерки, зашто синовите Израилеви се заколнаа, велејќи: ‚Прок­лет да биде оној што ќе му даде жена на Венијамин!‘“

19Ис.Н. 18,1И рекоа: „Ете, секоја година е празник Господов во Силом, на север од Ветол и на исток од патот, кој води од Ветил за Сихем, и на југ од Левона.“

20И им заповедаа на синовите Вени­јаминови, велејќи: „Одете и сокријте се во лозјата,

21и гледајте, кога ќе излезат момите од Силом да играат оро, излезете од лозјата и грабнете си секој жена за себе од тие моми, па одете си во земјата Венијаминова;

221 Мојс 34,5-31; 2 Цар 13,20-29а кога ќе дојдат татковците, или браќата нивни да се поплачат кај нас, ние ќе им речеме: ‚Простете ни за нив, бидејќи ние не зедовме за секого од нив жена во време на војната, и вие не им дадовте; сега вие сте виновни.‘“

23Така и направија синовите Венија­минови, и зедоа според бројот свој жени од оние што беа во орото и кои ги одзедоа, па тргнаа и се вратија во делот свој, и изградија градови и заживеа во нив.

24Во исто време Израилците се разо­тидоа оттаму, секој според родот свој и според племето свое, отиде во делот свој.

255 Мојс 12,8Во тие денови Израил немаше цар: секој го правеше она што му се чинеше дека е добро.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help