Исус Навин 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Фрлање ждрепка за преостанатите племиња

1 2 Мојс 27,21; Суд 18,31; 21,19; Ер 7,12; Пс 77,60; Дела 7,45 И целата заедница на Израилевите синови се собраа во Си­лом, ја поставија таму скинијата на соб­ранието, бидејќи земјата беше покорена од нив.

2А од синовите Израилеви останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство.

313,1; Суд 18,9И им рече Исус на синовите Изра­илеви: „До кога ќе се колебате да одите да ја завладеете земјата, што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци?

4Изберете си меѓу себе по тројца луѓе од секое племе и јас ќе ги пратам, и тие ќе станат, ќе ја обиколат земјата и ќе ја опишат, според тоа како ќе треба да им се раздели на делови, и ќе дојдат кај мене.

515,1И нека ја разделат на седум делови: Јуда нека го задржи пределот свој на југ, а синовите Јосифови да останат во пределите свои на север.

6А вие разделете ја земјата на седум делови и донесете ми го предлогот овде. Јас ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, нашиот Бог.

713,8.33; 13,14А за левитите нема дел меѓу вас, би­дејќи свештенството Господово е нивни дел; Гад, пак, и Рувим и едната по­­ло­вина од племето на Манасија добија наследство од онаа страна на Јордан, на исток, што им го даде Мојсеј, слугата Господов.“

8Суд 18,31Тие луѓе станаа и отидоа. А на лу­ѓето, кои отидоа за да ја опишат земјата, Исус им даде заповед: „Одете, обиколете ја земјата, обележете ја и вратете се кај мене; јас, пак, овде ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, во Си­лом.“

9Тие луѓе отидоа, ја обиколија земјата, ја разгледаа и ја обележија, според градовите нејзини, на седум делови, па дојдоа кај Исус во логорот, во Силом.

10Исус им фрли ждрепка во Силом пред Господ, и ја раздели таму Исус земјата меѓу синовите Израилеви, според тоа како што се делеа.

Пределите на Венијаминовото племе

11 1 Мојс 49,27; 5 Мојс 33,12 И се фрли ждрепка за племето на Венијаминовите синови, според родо­вите нивни. Според ждрепката границата им минува меѓу синовите Јудини и меѓу синовите Јосифови;

12границата нивна на север почнува од Јордан, минува зад Ерихон од север, се искачува по планината кон запад и завршува во пустината кај Бет-Авен;

131 Мојс 28,19; Суд 1,22-23оттаму границата оди кон Луз, на југ од Луз, инаку Ветил, и потоа слегува кон Атрот-Адар, кон гората, што е на југ од Долни Веторон;

14потоа границата свртува и се спуш­та кон запад, јужно од гората, што е спроти Веторон и завршува кај Кирјат-Ваал, инаку Кирјат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна.

15Јужната, пак, граница оди од Кир­јат-Јарим кон морето и стигнува до вод­ните извори на Нефтоах;

16Суд 19,10потоа границата слегува кон крајот на гората што е пред долината Бен-Хи­ном, северно од Рефаимската Долина, оди по долината Бен-Хином до јужната страна на Јевус, стигнувајќи кај Ен-Ро­гел;

17потоа свртува кон север, минува кај Ен-Шемеш, оди кон Гелилот, кој е спроти ридот Адумим, и слегува кон Каменот на Рувимовиот син Бохан;

18потоа, минувајќи северно од рамнината, и слегува кон неа;

19оттука таа поминува од северната страна на Бет-Хогла и завршува при северниот крај на Мртвото Море, кај устието на Јордан. Тоа е јужната граница. Од исток, пак, за граница служи Јордан.

20Тоа е наследството на Венијами­новите синови, со околните граници не­гови, според родовите нивни.

21На племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни, им припаднаа овие градови: Ерихон, Бет-Хо­гла и Емек-Кециц,

22Бет-Арава, Цемараим и Ветил,

23Авим, Пара и Офра,

24Кефар-Амона, Офни и Гева: двана­есет градови со селата нивни;

25Гаваон, Рама и Беерот,

26Мицпа, Кефира и Моца,

27Рекем, Јирпеел и Тарала,

28Суд 19,10; Ез 48,23Цела, Елеф и Јевус, инаку Еру­салим, и Гиват и Кирјат: четиринаесет градови со селата нивни. Тоа е делот на Венијаминовите синови, според родо­вите нивни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help