1Потоа беа избрани, за да тргнат, родоначалниците според родовите на племињата нивни, и жените нивни, и потомците нивни, и ќерките нивни, и слугите нивни, и слугинките нивни со добитокот нивни.
2Дариј испрати со нив илјада коњаници, за да ги одведат со мир во Ерусалим, со свирки, со тимпани и труби.
3И сите нивни браќа се радуваа, и царот им дозволи да одат заедно.
41,5.11Еве ги имињата на мажите, што отидоа, според родовите нивни во колената по нивното старешинство:
55,48.58; 1 Езд 3,2; Неем 12,1.10; Јудита 4,6; 15,8свештениците, потомци на Финес, потомци Аронови; Јешуа, синот на Јоседек, син на Сераја, и Јоаким, син на Зоровавел, Салатиилов син, од Давидовиот дом, од родот на Фарес, а од Јудиното колено,
62,26; 4,13 оној што ги кажа пред персискиот цар Дариј мудрите зборови во втората година од царувањето негово, во месецот нисан, првиот месец.
71 Езд 2; Неем 7,6-73Ова се Јудејците, кои се вратија од преселничкото пленство, што ги пресели во Вавилон Навуходоносор, вавилонскиот цар,
8и кои се вратија во Ерусалим и во другите места на Јудеја, секој во својот град. Тие дојдоа со Зоровавел и со Јешуа, Неемија, Зареј, Ресеј, Ененеј, Мардохеј, Веелсар, Асфарас, Реелија, Раум, Ваана – нивни началници.
9Бројот на народот со началниците негови: потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца; потомци на Сафатија – четиристотини седумдесет и двајца;
10потомци на Ара – седумстотини педесет и шест;
11потомците на Пат-Моав, заедно со Јешуините и Јоавовите потомци – две илјади осумстотини и дванаесет;
12потомците на Елам – илјада двесте педесет и четири; потомците на Зату – деветстотини седумдесет и пет; потомците на Хорве – седумстотини и пет; потомците на Вани – шестотини четириесет и осум;
13потомците на Бевај – шестотини триесет и три; потомците на Азгад – илјада триста дваесет и двајца;
14потомците на Адоникам – шестотини триесет и седум; потомците на Бигвај – две илјади шестотини и шест; потомците на Адин – четиристотини педесет и четири;
15потомците на Агер, односно Езекиј – деведесет и двајца; потомците на Килан и Азета – шеесет и седум; потомците на Азару – четиристотини триесет и двајца;
16потомците на Анија – сто и еден; потомците на Аром – триесет и двајца; потомците на Безај – триста дваесет и тројца; потомците на Ариф – сто и двајца;
17потомците на Ваитеру – три илјади и пет; потомците на Ветломон – сто дваесет и тројца;
183 Цар 2,26; Ер 32,7 од Нетофа – педесет и пет; од Анатот – сто педесет и осум; од Ветасмот – четириесет и двајца;
19Ис.Н. 9,17; 18,26 од Киријатрим – дваесет и пет; од Кефира и Вирот – седумстотини четириесет и тројца; од Пир – седумстотини;
20Хадијасејци и Амидијци – четиристотини дваесет и двајца; од Кирама и Гева – шестотини дваесет и еден;
21од Макалон – сто дваесет и двајца; од Ветолија – педесет и двајца; потомци на Нифиш – сто педесет и шест;
22потомците на Каламо и Оно – седумстотини дваесет и пет; потомците на Јерех – двесте четириесет и пет;
23потомците на Сенаа – три илјади триста и еден.
24Свештеници, потомци на Једаја, синот на Јешуа, заедно со потомците на Анасив – деветстотини седумдесет и двајца; потомците на Имер – илјада педесет и двајца;
25потомците на Пашур – илјада четириесет и седум; потомците на Харим – илјада и седумнаесет.
26Левити, потомци на Јешуа, Кадмиил, Вана и на Суда – седумдесет и четири.
27Свештенопевци, потомци на Асаф – сто и четириесет.
28Чувари вратари, потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Толман, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај сѐ на сѐ сто триесет и девет.
29Служители на храмот, потомци на Исав, потомци на Хасуфа, потомци на Таваот, потомци на Кира, потомци на Суа, потомци на Падон, потомци на Лавана, потомци на Ангава,
30потомци на Акув, потомци на Утај, потомци на Китав, потомци на Агав, потомци на Субај, потомци на Анан, потомци на Катуа, потомци на Гедур,
31потомци на Јаир, потомци на Дајсан, потомци на Ноеви, потомци на Хезив, потомци на Газира, потомци на Оза, потомци на Финое, потомци на Асра, потомци на Вастај, потомци на Маани, потомци на Нефисим, потомци на Акув, потомци на Хакуфа, потомци на Асур, потомци на Фараким, потомци на Васлут,
32потомци на Мехида, потомци на Кута, потомци на Хареа, потомци на Варнос, потомци на Серар, потомци на Темах, потомци на Незија, потомци на Хатип,
33потомци на слугите Соломонови, потомци на Асафиот, потомци на Перуда, потомци на Јаала, потомци на Лозон, потомци на Издаил, потомци на Сафатија,
34потомци на Агија, потомци на Похерет-Хацеваим, потомци на Саротија, потомци на Масија, потомци на Гас, потомци на Адус, потомци на Суба, потомци на Афера, потомци на Варотис, потомци на Шафат, потомци на Алон;
351,3; 8,5.22.49; 3 Цар 9,21сите свештенослужители на храмот и потомците на Соломоновите слуги – триста седумдесет и двајца.
36А ова се тие што дојдоа од Тел-Мелах и Телерс под водство на Херув, Адан и Имер, –
37иако не може да се докаже од потомците на Дала, синот на Товија, и потомците на Некода – шестотини и педесет и двајца.
38Имаше и свештеници, што вршеа свештена служба, но во списокот не можеше да се најдат: Потомците на Овија, потомците на Хакоц, потомците на Јаду, кој беше женет за Агија, ќерка на Варзилај, та се нарекуваше со негово име.
39А бидејќи родословната книга нивна, кога се побара, не се најде во описот, тие беа исклучени од свештенството.
409,49; 1 Езд 2,63; Неем 8,9; 2 Мојс 28,30 Тогаш им рече Неемија и Атарија, да не учествуваат во светињите, додека не се издигне свештеник, облечен со урим и тумим.
41И сите Израилци од дванаесет години и нагоре, без слугите и слугинките, беа четириесет и две илјади триста и шеесет; нивни слуги и слугинки – седум илјади триста четириесет и седум; певци и псалмопевци – двесте четириесет и пет.
42Камили – четиристотини четириесет и пет, коњи – седум илјади триесет и шест, маски – двесте четириесет и пет, работен добиток – пет илјади петстотини дваесет и пет.
43Некои од родоначалниците, кога дојдоа пред Божјиот храм во Ерусалим, дадоа завет дека ќе подигнат дом на местото негово според своите сили
44и дека ќе внесат во храмовата ризница за градбата илјада мини злато, пет илјади мини сребро и сто свештенички одежди.
45И се населија свештениците и левитите и некои од народот во Ерусалим и областите негови, а свештенопевците и чуварите на храмовите порти и сиот Израил – по своите села.
469,37 А кога настана седмиот месец, и синовите Израилеви веќе беа сите по имотите свои, се собраа еднодушно сите на плоштадот пред првата порта на исток.
471 Езд 3,1-7
9,6.37.38.41; Неем 7,73; 8,1.3 Тогаш стана Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и браќата негови, и изградија жртвеник на Бога Израилев,485,5за да принесуваат на него сепаленици, како што е заповедано во книгата на Мојсеј, Божјиот човек.
49Ним им се придружија и од другите народи, што ги имаше во онаа земја, и изградија жртвеник на свое место, зашто беа во непријателство со нив, и ги надвладуваа сите народи, што ги имаше во таа земја. Тие своевремено принесуваа жртви и сепаленици на Господ, наутро и навечер.
504,52; 7,13; 1 Езд 6,21; Неем 10,28 И го празнуваа празникот Сеници како што заповеда законот, принесувајќи посебни жртви секој ден, како што требаше,
513 Мојс 23,33-36и потоа, – вообичаени приноси и жртви во саботите, и на млада месечина и на сите свети празници.
52И сите, што Му беа дале на Бога завет од новомесечието на седмиот месец почнаа да Му принесуваат на Бога жртви, макар што храмот уште не беше дограден.
539,37; Неем 7,73
4,48; Јудита 1,7; 2 Лет 2,16; Ис.Н. 19,46И им даваа пари на каменоресците и дрводелците, и пиење и храна, и коли на Сидонците и Тирчаните, за да превезуваат од Ливан кедрово дрво, што го поставуваа на салови во пристаништето Јопа, според заповедта, што ним писмено им ја даде персискиот цар Кир.541 Езд 3,8 А на втората година, во вториот месец, по нивното пристигање кај Божјиот храм во Ерусалим, Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и браќата нивни, и свештеници и левити и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим,
55ја поставија основата на Божјиот храм во новомесечието на вториот месец, во втората година по пристигнувањето нивно во Јудеја и Ерусалим,
561 Езд 3,8-11
5,5и поставија дваесетгодишни левити за службите Господови. И стана Јешуа, синовите негови и браќата негови, и братот Кадмиил, и синовите на Јешуа Емадабун, и синовите на Јода, синот на Илијадун, со синовите и браќата, – сите левити, еднодушно да ја поттикнуваат работата околу градењето на Господовиот дом. И градителите го изградија храмот на Господ.574,63; 5,2Тогаш застанаа свештениците облечени во свештени одежди со свирки и со труби, и левитите, синови Асафови, со кимвали, благословувајќи Го Господа и прославувајќи Го според уредбата на Давид, царот израилски,
58и пееја химни, благодарејќи Му на Господ, зашто Неговата благост и слава се вечни над сиот Израил.
59И сиот народ трубеше и викаше со силен глас, фалејќи Го Господа, зашто домот Господов се обновил.
601 Езд 3,12.13А постарите свештеници, левитите и родоначалниците што го беа виделе поранешниот храм, дојдоа сега при градењето со плачење и голем восклик,
61мнозина пак со труби и со силни радосни извици,
62така што народот не ги слушаше трубите поради викањето на луѓето, зашто толпата ги надгласуваше трубите, па се слушаше надалеку.
631 Езд 4,1-5Слушнаа непријателите на Јудиното и Венијаминовото племе и дојдоа да дознаат, што значи тој трубен звук.
64И дознаа дека вратените од пленство Му градат храм на Господ, Бог Израилев.
655,5И дојдоа кај Зоровавел, кај Јешуа и кај родоначалниците и им рекоа: „Ќе градиме и ние со вас;
661 Езд 4,2 зашто и ние како вас Го слушаме вашиот Господ и Му принесуваме жртви од дните на асирскиот цар Есархадон, кој нѐ пресели овде.“
67Тогаш Зоровавел, Јешуа и началниците на Израилевите племиња им рекоа: „Со вас нема да Го градиме домот на Господ, нашиот Бог;
68ние сами ќе Му го градиме на Господ, Бог Израилев, според она како што ни заповеда Кир, царот персиски.“
69Тогаш народите на таа земја, силно ги притиснаа оние што живееја во Јудеја, прекинувајќи го дотурот на граѓа, им пречеа на градењето,
70и со разни сплетки, заведувајќи го народот, поттикнуваа на бунтови, попречуваа да се доврши градбата за сето време, додека беше жив царот Кир,
71и ја запреа градбата за две години, додека стана цар Дариј.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.