Галатјаните 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Изворот на дарот од Духот

1 6,14; 1 Кор 2,2 О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса та не се покорувате на вис­тината вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас?

22,16; Дела 11,17Само ова сакам да го дознаам од вас: преку делата на Законот ли го добивте Духот или преку пораката на верата?

3Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега завршувате?

41 Кор 2,12; 12,4-11; 2 Кор 12,12Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо!

5Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку пораката на верата?

Авраамовото ветување

6 1 Мојс 15,6; Рим 4,3 Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.

7Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови.

81 Мојс 12,3; 18,18; Дела 3,25И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“

9Рим 4,16И така, оние што веруваат, се бла­гословени заедно со верниот Авраам;

105 Мојс 27,26а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е на­пи­шано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“

11Авак 2,4; Рим 1,17; Евр 10,38А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, зашто „Праведниот ќе живее преку верата.“

123 Мојс 18,5; Рим 10,5А Законот не е од верата, туку збо­рува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“

134,5; 5 Мојс 21,23; Рим 8,3; 2 Кор 5,21Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!“,

14така што благословот даден на Ав­раам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, за да Го добиеме ветени­от Дух преку верата.

Законот и ветувањето

15Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура ниту му додава нешто.

161 Мојс 12,7; 13,15; 17,8; 24,7; Мт 1,1; Рим 4,13Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на семето негово. Не е ре­че­но: „И на семињата“, како за мнозина, туку како за еден: „И на семето твое“, кое е Христос.

172 Мојс 12,41Ова сакам да го кажам: Заветот што Бог го даде не може да биде обез­вреден од Законот, кој е настанат че­ти­ристотини и триесет години подоцна, така што ветувањето би можело да ја изгуби силата.

18Рим 4,14; 11,6Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветува­њето; а на Авраам Бог му го дари по ве­тување.

19Дела 7,38.53; Рим 5,20; Евр 2,2Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, пре­ку рака на посредник.

205 Мојс 6,4; Рим 3,30Но посредникот не може да биде са­мо посредник на еден, а Бог е еден.

21Дела 13,38-39; Рим 8,3Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот.

22Рим 11,32Но Писмото сите ги затвори под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат.

23Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие.

244,2; Рим 10,4И така, Законот беше за нас вос­пи­тувач да нѐ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата;

25а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.

264,5; Јн 1,12; Рим 8,14Зашто сите сте синови Божји преку верата во Христос Исус;

27Рим 13,14; Кол 3,10сите, што сте крстени во Христа, во Христа се облековте.

28Рим 10,12; 1 Кор 12,13; Кол 3,11Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машко – женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.

29А, ако сте, пак, вие Христови, то­гаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help