1 8,1 Колку се мили Твоите живеалишта, Господи Саваоте!
2Копнее душата моја, сакајќи да е во Господовите дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.
341,2.8; 121,1И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пилињата свои, при олтарите Твои, Господи Саваоте, Царе мој и Боже мој!
45,2Блажени се оние, кои живеат во домот Твој; тие постојано Те фалат.
5Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои.
6Преминувајќи ја Сушната долина, тие ја претвораат во извори, и дожд ја покрива со вирови;
7Ез 34,26; Јоил 2,23минуваат од сила во сила, додека не Го видат Бога, на Сион.
8Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов!
9Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!
10Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку – илјада дни надвор. Повеќе би сакал да стојам на прагот пред Божјиот дом, отколку да живеам во шаторите на нечестието.
11Бидејќи Господ Бог е сонце и штит, Тој дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно.
1246,9; 88,18Господи Саваоте, блажен е оној човек, кој се надева во Тебе!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
