Псалми 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 21Пророштво за страдањата и славата на Месијата

1Боже мој, Боже мој, зошто ме ос­тави? Зошто си далеку за да ми по­мог­неш, за да ги чуеш моите повици?

2Мт 27,46; Мк 15,34Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене.

387,1.9; Авак 1,2; Плач 3,8Сепак, Ти си свет, опкружен со по­фалби од Израил.

4Ис 6,3; 57,14На Тебе се надеваа татковците на­ши; се надеваа и Ти ги избави;

5кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Те­бе се надеваа, и не се посрамија.

6Суд 3,9.15А јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот.

7Ис 41,14; 51,12; 52,2; Јов 25,6; Јн 19,5Сите, што ме гледаат, ми се подбиваат; нишајќи ги главите, велат:

843,13-14; 63,8; 108,25; 4 Цар 19,21; Ис 37,22; Ер 18,16; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 27,39; Мк 15,17-20; Јн 19,2-3„Тој се надеваше на Господ, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден!“

936,5; Мудр 2,13; 2,18-20; Мт 27,43; Мк 15,30-32; Лк 23,35-37Но Ти ме изведе од утробата, ме ус­покои на мајчините гради.

1070,5-6; 138,13-16; Ис 44,2.24; 45,2; 48,1; Ер 1,5; Јов 10,8-12Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог.

11Не оддалечувај се од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми по­могне.

1234,22; 37,21; 39,13; 70,12Многу јунци ме обиколија, дебели јунци ме опкружија,

13ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и ри­ка.

1416,12Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради.

15Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен прав ме фрли.

16Јн 19,28Глутница кучиња ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги прободоа рацете и нозете.

1758,6.14; Јов 30,1; Мт 7,6; Фил 3,2; Плач 2,15Можам да си ги пребројам сите кос­ки мои, а тие гледаа и ме презираа;

18ги разделија меѓу себе алиштата мои, за облеката моја ждрепка фрлија.

19Мт 27,35; Јн 19,24Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја, побрзај ми на по­мош!

20Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја.

2134,17Запази ме од устите лавовски и од роговите биволски спаси ме.

227,2; 16,12; 56,4; 2 Тим 4,17Ќе го објавувам името Твое на бра­ќата и сестрите свои, сред собранието ќе Те фалам.

2334,18; 39,9; Евр 2,12Вие, што имате страхопочит кон Господ, восфалете Го! Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израилево,

24зашто Тој не ја презре маката на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав.

25За Тебе е похвалата моја во великото собрание; ќе ги исполнам ветувањата свои пред оние што имаат страхопочит кон Него.

26Ќе јадат сиромасите и ќе се најадат, ќе го фалат Господа оние што Го ба­раат; нека живеат срцата ваши довека!

27Ќе се сетат и ќе се обратат кон Гос­под сите земни краишта, и ќе се покло­нат пред Тебе сите племиња на народи­те,

2871,8-11; Ис 45,22; 51,8зашто царството е Господово, и Тој е владетел над народите.

29Зах 14,9; Авд 1,21Нему ќе Му се поклонат сите заспа­ни во земјата; пред него ќе паднат сите што слегуваат во земјата. А душата мо­ја ќе живее за Него.

30Потомството мое ќе Му служи, за Господ ќе им се проповеда на идните родови;

3147,13; 70,18; 77,3-8; 101,18; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 12,7.13-14; 5 Мојс 4,9; 6,6.19-24; 31,7; Ефес 2,7; Пс 70,18-19; 101,18за избавувањето од Него ќе им се соопштува на луѓето, што ќе се родат, зашто сето тоа Господ го изврши.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help