Естира 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Естира пред царот

1 4,11 На третиот ден Естира, откако престана да се моли, ја соблече об­леката на жалоста, се облече по царски,

па откако се накити, Го повика Севи­децот Бог и Спасителот, зеде две слу­гинки, и на едната се потпираше, како да се галеше, а другата одеше по неа и ѝ ја придржуваше облеката нејзина.

Таа беше прекрасна во цутот на убавината своја, а лицето ѝ беше радосно, како да беше исполнето со љубов, но срцето ѝ беше свиткано од страв.

Таа застана пред внатрешниот двор на царскиот дом, пред домот на царот. А царот то­гаш седеше на својот царски престол во царскиот дом, токму спроти влезот на домот, облечен во полната облека на своето величие, целиот во злато и ска­поцени камења, и беше многу страшен. Кога царот виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост во очи­те негови.

Кога го сврте лицето свое, светнато од слава, тој погледна силно разгневен; и царицата премале, ја про­мени бојата на лицето од слабост и се потпре врз главата на слугинката што ја придржуваше.

И Бог го измени ду­хот на царот во кроткост, тој брзо стана од престолот свој и ја зеде во преграт­ките свои, додека таа да се соземе. Потоа тој ја утеши со умилни зборови и ѝ рече:

„Што ти е, Естира? Јас сум твој брат! Закрепи се, нема да умреш, зашто нашата одредба е за обичните лу­ѓе; дојди!“

22,17И царот го подаде кон Естира злат­ни­­от жезол што беше во раката негова. Естира се приближи и го допре крајот на жезолот, а царот го стави жезолот на нејзиниот врат, ја бакна и рече: „Збо­рувај.“

Таа му рече: „Јас видов во те­бе, господаре, како ангел Божји, па срцето мое се вознемири од страв пред твојата слава, зашто ти си прекрасен, господаре, и лицето твое е исполнето со убавина.“ –

Но додека говореше, таа падна од премаленост; царот се возне­ми­ри, и сите слуги негови ја храбреа.

35,6; 7,2; 9,12; Мк 6,22-23Тогаш царот ѝ рече: „Што ти е, ца­рице Естира? Која е твојата молба? Ду­ри и половината од царството ќе ти би­де дадено.“

41,19; 3,9; 5,4.8; 7,3; 8,5; 9,13; 1 Езд 5,17; Неем 2,5Тогаш Естира рече: „Денес имам празник. Ако му е на царот угодно, не­ка дојде царот со Аман на гозба што сум му ја приготвила.“

5А царот рече: „Одете поскоро по Аман за да се исполни желбата на Ес­тира.“ И дојде царот со Аман на гозбата што ја беше приготвила Естира.

6И кога царот сакаше да пие вино, ја праша Естира: „Која ти е желбата? Таа ќе биде исполнета. И каква е твојата молба? Макар да бараш и половина царство, тоа ќе ти биде дадено.“

7Одговори Естира и рече: „Еве ја мо­јата желба и мојата молба:

8ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е мило да ја ис­полни желбата моја и да ја исполни мол­бата моја, тогаш нека дојде царот со Аман на гозба што ќе ја приготвам за нив и утре, па ќе постапам според цар­скиот збор.“

Аман подготвува бесилка за Мардохеј

9Тој ден Аман излезе весел и распо­ло­жен. Но кога Аман го виде Мардохеј при царската порта, и тој не стана и не се помести од местото пред него, Аман се исполни со гнев против Мардохеј.

10Но Аман сепак се воздржа. А кога дојде во домот свој, испрати да ги пови­каат неговите пријатели и неговата же­на Зереша.

11Аман им раскажа за големото свое богатство, за многуте свои синови и за сѐ она, како царот го возвеличил и како го воздигнал над кнезовите и слугите царски.

12И рече Аман: „Па и царицата Ести­ра никого не повика со царот на гозбата, што ја беше приготвила, освен мене; така и утре сум поканет кај неа со царот.

13Но сето тоа не ме задоволува додека го гледам Јудеецот Мардохеј како се­ди пред царската порта.“

14И му рече жената негова Зереша, и сите негови пријатели: „Нека приготват бесилка, висока педесет лакти, и утре кажи му на царот да го обеси Мардохеј на неа, и тогаш оди весело на гозбата со царот.“ Му се допаднаа на Аман тие зборови, и тој нареди бесилката да биде направена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help