3 Царства 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Собирот во Сихем(2 Лет 10,1-15)

1Ровоам отиде во Сихем, бидејќи во Сихем беа дошле сите Изра­илци за да го зацарат.

2За тоа слушна Наватовиот син Јеровоам, кога се наоѓаше уште во Египет, каде што беше избегал од царот Соломон, и се врати од Египет;

3испратија по него и го повикаа. То­гаш Јеровоам и целото израилско соб­рание дојдоа и му говореа на царот Ро­воам, велејќи:

4„Твојот татко ни наложи тежок товар, ти, пак, олесни ни го жестокото ропство од татко ти и тешкиот товар што тој ни го наложи, па тогаш ќе ти служиме.“

5Тој им одговори: „Одете си, по три дена дојдете пак кај мене.“ И народот се разотиде.

6Царот Ровоам се советуваше со старците, кои беа кај татко му Соломон, додека беше жив, и рече: „Како ќе ме посоветувате да му одговорам на овој народ?“

7Тие му одговорија, и рекоа: „Ако ти денес им бидеш слуга на овие луѓе и им услужиш, ако ги задоволиш и им гово­риш добри зборови, тие ќе ти бидат слуги во сите дни.“

8Но тој не го послуша советот што му го беа дале старците, и се советуваше со младите, кои беа пораснале заедно со него и кои беа кај него,

9и им рече: „Што ќе ме посоветувате да им одговорам на оние луѓе што ми рекоа и кажаа: ‚олесни ни го јаремот што ни го наложи татко ти?‘“

10Младите, пораснати заедно со него, му одговорија и рекоа: „Вака кажи им на тие луѓе што ти рекле: ‚твојот татко ни наложи тежок јарем, ти, пак, олесни ни‘, кажи им: ‚малиот прст ми е подебел од бедрата на татко ми;

11и така, ако татко ми ви ставил тежок јарем, јас уште повеќе ќе го натежнам вашиот јарем; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшици со железни боцки.‘“

12Јеровоам, и сите луѓе, дојдоа кај Ровоам на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејќи: „Дојдете кај мене на третиот ден.“

13Сир 47,23И царот грубо му одговори на народот и не го послуша советот што му го беа дале старците.

14И говореше според советот на младите и рече: „Татко ми ви наложил тежок товар, јас, пак, ќе го зголемам вашиот товар; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшици со железни боцки.“

15И царот не го послуша народот, зашто така беше судено од Господ за да се исполни зборот Негов што го беше изрекол Господ преку Ахија Силомецот на Наватовиот син Јеровоам.

Разделено царство(2 Лет 10,16–11,4)

16 2 Цар 20,1 И сите Израилци видоа дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одгово­рија на царот и рекоа: „Каков дел имаме кај Давид? За нас нема дел кај синот на Јесеј; по шаторите свои, Из­раиле! Гледај си го својот дом, Давиде!“ И Израил се разотиде по шаторите свои.

17Ровоам царуваше само над Изра­илевите синови што живееја во Ју­дините градови.

18И царот Ровоам го испрати Хадо­рам, управникот над даноците; но сите Израилци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола за да избега во Ерусалим.

19Сир 47,21И така Израил се одметна од Дави­довиот дом и до денес.

20Кога сите Израилци слушнаа дека Јеровоам се вратил од Египет, испратија и го повикаа во собранието и го за­царија над сите Израилци. Со Дави­довиот дом не остана никој, освен пле­мето Јудино (и Венијаминово).

21Ровоам, откако пристигна во Еру­салим, собра од целиот Јудин дом и од племето Венијаминово сто и осумдесет илјади одбрани војници за да војуваат против Израилевиот дом и да му го возвратат царството на Соломоновиот син Ровоам.

22И дојде слово Божјо кон Шемаја, човек Божји, и беше речено:

23„Кажи му на Соломоновиот син Ро­воам, царот јудејски, и на целиот Јудин и Венијаминов дом и на другиот народ:

24вака вели Господ: ‚Не одете и не почнувајте војна против вашите браќа, Израилевите синови; вратете се секој во домот свој, бидејќи тоа беше од Мене.‘“ И тие ги послушаа Господовите збо­рови и се вратија дома според словото Господово.

25Јеровоам го изгради Сихем на Ефремовата Гора и се насели во него; оттаму тргна и го изгради Пенуел.

Престапот на Јеровоам

26И Јеровоам си говореше во срцето свое: „Царството може пак да премине кон Давидовиот дом,

27ако овој народ оди во Ерусалим да принесува жртви во домот Господов, тогаш срцето на тој народ ќе се сврти кон својот господар Ровоам, царот јудеј­ски, ќе ме убијат и ќе се вратат кај Ро­воам, царот јудејски.“

282 Мојс 32,4.8; Сир 47,23И царот, откако се посоветува, направи две златни телиња, и му рече на народот: „Не ви треба да одите во Ерусалим; еве ги твоите богови, Из­раиле, кои те изведоа од египетската земја.“

291 Мојс 12,8; 28,19; Амос 5,5; 7,13И едниот го постави во Ветил, а другиот – во Дан.

30Тоа предизвика грев, зашто народот почна да оди кај едниот од нив дури во Дан (и го оставија храмот Господов).

31И изгради идолско светилиште и постави од народот свештеници, кои не беа од Левиевите синови.

32Јеровоам востанови празник во осмиот месец на петнаесеттиот ден, сличен на оној празник, каков што има­ше во Јудеја, и принесуваше жртви на жртвеникот; тоа го направи и во Ветил за да им се принесуваат жртви на телињата што ги направи. И постави во Ве­тил свештеници во идолските свети­лишта што ги беше изградил,

Осуда на идолопоклонството во Ветил

33и принесе жртви на жртвеникот што беше го изградил во Ветил, во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што произволно го определи; и устано­ви празник за синовите Израилеви и пристапи кон жртвеникот за да прекади.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help