1 Пс 32,3; 147,7 Рече Јудита и запеа: „Славете Го мојот Бог со тимпани, пејте Му на Господ со кимвали, пејте Му песна нова; возвеличувајте Го и повикувајте го Неговото име.
2Зашто Господ Бог ги завршува војните, зашто Тој ме издигна среде Својот народ и ме избави од рацете на моите гонители.
3Ез 38,15; 39,2Дојде Асур од северните планини, дојде со десетици илјади свои војници; множеството нивно ги пресече потоците, а коњите нивни ги прекрија бреговите.
42 Мојс 15,9; Ос 14,1Рече тој дека земјата наша ќе ја изгори, момчињата наши со меч ќе ги исече, доенчињата в земја ќе ги тресне, децата наши во ропство ќе ги одведе и ќе ги плени нашите девојки.
5Пс 32,10Но Господ Седржителот ги собори со женска рака.
6Насилникот нивен, не го скршија момци, не го соборија синови Титантски, не го нападнаа синови џиновски, туку Јудита, ќерката на Мерариј, со убавината на своето лице – него го погуби;
710,3ја соблече таа вдовичката облека за да ги издигне оние што страдаа во Израил, а лицето свое го помаза со миризлива маст,
8си стави украси на својата коса, си облече облека ленена за да го плени,
912,16; Песна 4,9; Сир 9,8сандалите нејзини погледот негов го восхитија, а убавината му ја плени душата, меч му помина низ грлото.
10Се вџашија Персијците од храброста нејзина, а Мидјаните – од смелоста нејзина.
11Суд 7,20-21Тогаш извика понизениот народ мој, а оние се преплашија; народот мој немоќен извика, а тие се збркаа, гласот свој го подигна народот мој, – тие се дадоа во бегство.
122 Лет 20,15Синовите на млади жени ги колеа, и како деца на робови бегалци им нанесуваа рани; така гинеа тие од силата на Мојот Господ.
13Пс 32,3Песна нова ќе Му запеам на мојот Господ. Господи, Ти си велик и славен; Ти си непобедлив и прекрасен во твојата сила.
14Пс 32,9; 104,30; Сир 42,23Сите Твои созданија Тебе нека Ти служат: зашто Ти само рече, и тие настанаа; Ти го испрати Духот Твој – и се уреди сѐ, никој не може да се противи на гласот Твој.
15Пс 17,7; 97,5; Сир 16,19Горите со водите свои од основи ќе се потресат, а камењата од Твоето лице – како восок ќе се стопат, но за оние што имаат страв од Тебе – Ти си благ и милостив.
16Пс 39,6; Сир 10,24; 25,10-11Мала е пред Тебе секоја жртва мирисна, уште поневажна Ти е мрсната жртва сепаленица, но оној што има страв од Господ – голем е засекогаш.
17Ер 10,25; Пс 78,6-7Тешко им на народите што го напаѓаат мојот народ, Седржителот Господ ќе им се одмазди во судниот ден – ќе испрати оган и црви врз нивните тела; во болките свои вечно ќе викаат и ќе плачат.“
182 Лет 20,28Кога дојдоа во Ерусалим, на Бога Му се поклонија, а кога народот се очисти, сепаленици жртви Му принесоа – со доброволни приноси и дарови.
194 Мојс 31,49-54; Мих 4,13Садовите, скапоцената завеса од спалната соба на Олоферн и сите други предмети, што ѝ ги подари народот, Јудита место жртва, Му ги подари на Господ.
201 Мак 4,58Народот се веселеше три месеци во Ерусалим, а Јудита остана во него.
Јудитината старост и смрт21 3 Цар 8,66 Но по тие денови секој се врати во своето место. Јудита отиде во Ветилуја, и живееше на својот имот и за сето тоа време беше славна по целата земја.
22Многумина ја сакаа за жена, но неа маж не ја позна во сите дни од нејзниот живот, од денот кога умре нејзиниот маж, Манасија, и се прибра кај својот народ.
231 Мојс 25,10; 49,30-31; Тов 14,12Јудита придоби голема слава и остаре во домот на својот упокоен маж. Откако поживеа сто и пет години, ја пушти на слобода својата слугинка. Почина во Ветилуја и ја погребаа во пештерата на нејзиниот маж Манасија.
241 Мојс 50,10; 1 Цар 31,13; Сир 22,12Домот на Израил ја оплакуваше седум дена. Пред смртта им го раздели имотот свој на роднините од својот маж Манасија и меѓу блиските од својот род.
25Суд 3,11.30; 5,31; 8,28Во времето на Јудита, а и долго време по нејзината смрт никој веќе не ги застрашуваше синовите Израилеви.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.