1 17,25 Сине мој, ако си згрешил, престани да грешиш; за направените гревови, моли се.
2Од грев бегај како од змија, зашто ако му се приближиш, тој ќе те касне.
3Изреки 5,4Гревот има лавовски заби; тој ги убива човечките души.
4Изреки 6,17Секое беззаконие е како меч со две острици, тоа задава рани неизлечиви.
535,18-21; Пс 17,6Застрашувањата и насилствата упропастуваат богатство; така се запустува и домот на горделивите.
6Изреки 12,1; 16,6Молбата на сиромавиот стигнува сѐ до Неговите уши; а судот Негов брзо ќе дојде.
7Изреки 28,11Кој укорување мрази, по пат на грешници оди; а кој страхопочит кон Господа има, ќе се обрати со своето срце.
8Силниот на јазик оддалеку се познава, но разумниот знае кога тој ќе падне.
97,16; 16,6Кој со туѓи пари куќа гради, тој е како човек кој собира камења за гробот свој.
10Мт 7,13-14Собирот на беззакониците е како куп отпадоци од коноп; во пламенот огнен е нивниот крај.
111 Мојс 4,7Патот на грешниците добро е поплочен, но крајот негов е бездна пеколна.
Мудриот и неразумниот12Кој го пази законот, тој владее со своите мисли,
13Ер 2,13; 17,13; Изреки 13,14; 18,4а кој живее според страхопочитта кон Господа – мудар е.
14Ер 2,13Неспособниот не може да се научи,
15но има способност што ја зголемува маката на човекот.
166,5; Изреки 22,11Знаењето на мудриот како поплава се излива, а советот негов е како извор на животот.
17Мудр 8,12Срцето на глупавиот е како искршен сад: знаење не задржува.
18Кога умниот чуе мудар збор, тој го пофалува и го помни; а кога безумник го слушне, тој му се подбива и зад себе го фрла.
19На безумниот говорот е како товар на пат, зборовите на мудриот е пријатно да се слушаат.
2019,28; Проп 7,6Зборовите на мудриот на собирот ги бараат; за неговите зборови ќе размислуваат во срцето.
216,24.30Како куќа во урнатини, таква е на неразумниот мудроста, а знаењето негово се состои од зборови бесмислени.
22Изреки 25,17За безумните поуката е како окови на нозете и како вериги на десната рака.
23Глупавиот се смее на сиот глас; а разумниот – тивко се насмевнува.
24За разумниот поуката е како златен накит, како скапоцен украс на десната рака.
2528,25На безумниот ногата кон куќа брза, а разумниот пристапува со скромност.
26Изреки 12,16; 29,11Неразумниот ѕирка низ вратата на туѓ дом, а разумниот чека надвор.
27Невоспитаниот прислушнува при вратите, а умниот се срамува од тоа.
2828,14-16Устата на зборливите раскажува туѓи работи, а зборовите на разумниот на кантар се мерат.
29Срцето на глупавите е во нивната уста, а устата на мудрите е во нивното срце.
30Кога безбожникот го проколнува сатаната, се проколнува себеси.
31Сплеткарот својата душа ја валка, и каде и да живее – нема да биде сакан.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.