Песна над песните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Разговор меѓу вљубенитеНајубавата песна меѓу сите песни, на­пишана од Соломон

1 4,10; Проп 2,3 Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.

2Од пријатниот мирис на твоите мас­ла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.

3Ис 9,3; 25,9; 66,10; Зах 10,7Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, – ќе се восхитуваме и ќе се радуваме со тебе, ќе ги фалиме твоите милувања повеќе од ви­но. Навистина, заслужено те сакаат!

42,7; 3,5.11; 5,8.16; 8,4Ќерки ерусалимски, црна сум, но сепак сум убава како шаторите бедуински, како завесите на Соломон.

58,8Не гледајте ме што сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови ми се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата – но своето сопствено лозје не го зачував.

63,1-4; 1 Мојс 37,16Кажи ми ти, кого го сака душата мо­ја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитница крај стадата на твоите другари?

7Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, на­ју­бава меѓу жените, тогаш оди си по ов­ците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.

8Ис 63,13; Мудр 19,9Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.

94,4; 5,13; 7,5Прекрасни се твоите образи меѓу обетките, вратот твој – под ѓерданите;

10Ќе ти направам златни обетки со сребрени пулејки.

11Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, парфемот од мојот нард го испушташе својот пријатен мирис.

125,8-10Смирнова китка е мојот возљубен што стои меѓу градите мои.

131 Цар 24,1-2Мојот возљубен е за мене како ки­парисов грозд во лозјата на Ен-Геди.

142,14; 4,7; 5,9; 6,9; 7,7; 4,1; 5,12Возљубениот: О, убава си, мила мо­ја, убава си! Имаш очи гулабови.

15Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! Зеленилото е постела на­ша.

16Возљубениот: Покривите на куќите ни се кедри, штиците наши – кипариси.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help