Изреки Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведОваа книга е збирка на мудри кажувања, од кои повеќето му се припишуваат на Соломон. Изреките му припаѓаат на специфичен литературен жанр, карактеристичен за древниот Исток. Се користел за пренесување на животните искуства, таложени со генерации за идните поколенија.Главниот акцент во книгата Изреки е даден на моралните поуки, општи и специфични за одредени ситуации и одредени групи луѓе.Изреките според предметот што го разгледуваат се поделени во три целини:Првиот дел содржи подолг вовед (1–9) во кој се воспева мудроста која единствено од Бога доаѓа.Вториот дел (10–22) е средишниот запис според кој целата книга го добила името.Третиот дел (23–33) е составен од четири независни целини.Мислите искажани низ овие библиски стихови и во денешно време предизвикуваат голем интерес кај читателите, и според поуките што ги упатуваат, и според поетичниот стил кој се чита со вистинско задоволство.