Неемија 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мерки за заштита на градот

1Кога ѕидот беше изграден, и ги пос­тавија вратите, а и вратарите беа поставени на службата своја, и пеја­чи­те, и левитите,

21,2; 4 Цар 18,3тогаш управувањето на Ерусалим му го доверив на мојот брат Ананија, заедно со началникот на тврдината, Ананија, бидејќи тој беше од многу дру­ги поверен и побогобојазлив,

3и им реков: нека не ги отвораат еру­салимските порти, додека не изгрее сонцето; и навечер, додека вратарите се наоѓаат тука, нека ги затвораат и зак­лу­чуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куќата негова.

Список на Јудејците вратени во Палестина

4 11,1 Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куќите не беа изградени.

5А мојот Бог ме вдахнови да ги собе­рам првенците и началниците и народот за да бидат внесени во родословниците. Па го најдов родословниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано:

61 Езд 2,1-70ова се жителите на земјата, кои се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Навуходо­носор и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град –

7оние што тргнаа со Зоровавел, Је­шуа, Неемија, Азарија и Раамија, На­ха­маниј, Мардохеј, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум и Баана. Еве го бројот на народот Израилев:

8потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца.

9Потомци на Сафатија – триста се­думдесет и двајца.

10Потомци на Арах – шестотини пе­десет и двајца.

11Потомци на Пахат-Моав, односно, потомци на Јешуа и Јоав – две илјади осумстотини и осумнаесет.

12Потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири.

13Потомци на Зату – осумстотини че­ти­риесет и пет.

14Потомци на Закај – седумстотини и шеесет.

15Потомците на Бинуј – шестотини четириесет и осум.

16Потомци на Бевај – шестотини дваесет и осум.

17Потомци на Азгад – две илјади триста дваесет и двајца.

18Потомци на Адоникам – шестотини шеесет и седум.

19Потомци на Бигвај – две илјади ше­есет и седум.

20Потомци на Адин – шестотини пе­десет и пет.

21Потомци на Атер, од Езекиевиот дом – деведесет и осум.

22Потомци на Хашум – триста дваесет и осум.

23Потомци на Бецај – триста дваесет и четири.

24Потомци на Хариф – сто и дванаесет.

25Жители од Гаваон – деведесет и пет.

26Жители од Витлеем и Нетофа – сто осумдесет и осум.

27Жители од Анатот – сто дваесет и осум.

28Жители од Бет-Азмавет – чети­ри­есет и двајца.

29Жители од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца.

30Жители од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден.

31Жители од Микмас – сто дваесет и двајца.

32Жителите од Ветил и Гај – сто дваесет и тројца.

33Жители од другиот Нево – педесет и двајца.

34Потомци од другиот Елам – илјади двесте педесет и четворица.

35Потомци на Харим – триста и дваесет.

36Луѓе од Ерихон – триста четириесет и пет.

37Луѓе од Лод, Хадид и Оно – седумстотини дваесет и еден.

38Жители од Сенаа – три илјади де­ветстотини и триесет.

39Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца.

40Потомци на Имер – илјада педесет и двајца.

41Потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум.

42Потомци на Харим – илјада и седумнаесет.

43Левити: потомци на Јешуа, и Кад­миел, од родот на Ходева – седумдесет и четири.

44Пејачи, потомци на Асаф – сто четириесет и осум.

45Чувари на портите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – сто триесет и осум.

46Прислужници во храмот: потомци на Циха, потомци на Хасуфа, потомци на Табаот,

47потомци на Керос, потомци на Сиа, потомци на Падон,

48потомци на Левана, потомци на Ха­гава, потомци на Салмај,

49потомци на Ханан, потомци на Гидел, потомци на Гахар,

50потомци на Реаја, потомци на Рецин, потомци на Некода,

51потомци на Газам, потомци на Оза, потомци на Пасеах,

52потомци на Бесај, потомци на Меуним, потомци на Нефушесим,

53потомци на Бакбук, потомци на Хакуфа, потомци на Хархур,

54потомци на Бацлит, потомци на Мехида, потомци на Харша,

55потомци на Баркос, потомци на Сисера, потомци на Темах,

56потомци на Нецијах, потомци на Хатифа.

57Потомци на слугите Соломонови: потомци на Сотај, потомци на Соферет, потомци на Перида,

58потомци на Уала, потомци на Даркон, потомци на Гидел,

59потомци на Сафатија, потомци на Хатил, потомци на Похерет-Хацеваим, потомци на Амон.

60Сите прислужници на храмот и потомците од слугите Соломонови – беа на број триста деведесет и двајца.

61Еве ги и оние што дојдоа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув-Адон и Имер, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израил:

62потомците на Делаја, потомците на Товија, потомците на Некода – шестотини четириесет и двајца.

63А од свештениците: потомците на Ховаја, потомците на Хакоц, потомците на Верзелиј, кој беше женет со една од ќерките на Верзелиј од Галаад и почна да се презива според нивното име.

642 Мојс 28,30Тие го бараа родословниот список, но не се најде, та затоа беа исклучени од свештенството.

65А управителот им забрани да јадат од најсветото на жртвите, сѐ додека не се избере свештеник со урим и тумим.

66Целото општество заедно беше четириесет и две илјади и триста и ше­есет души,

67освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум; и со нив пејачи и пејачки уште двесте чети­ри­е­сет и пет.

68Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски имаа двесте четириесет и пет,

69камили – четиристотини триесет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет.

70Некои од родовските началници дадоа прилози за изградба. Управи­те­лот даде во ризницата илјада златни да­ријки, педесет чаши, петстотини и три­есет свештенички одежди.

712 Лет 29,7А некои од старешините дадоа во ризницата за да напредуваат работите, дваесет илјади златни даријки и две ил­јади и двесте мини сребро.

721 Езд 3,1Други од народот дадоа дваесет ил­јади златни даријки и две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички одежди.

73И така се населија во градовите свои свештениците и левитите, и врата­рите и пејачите, и дел од народот и слу­гите на храмот и сиот Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help